Поларниот студ, проследен со снежно невреме и ниски температури, што ја зафати Европа и натаму создава проблеми во делови на европскиот континент.
Поради снежното невремето, како што јави ДПА, околу 32.500 домаќинства во Франција од утрово останаа без електрична енергија.
Претставник на електродистирбутерот „Ендис“ изрази надеж дека до крајот на денот дефектите ќе бидат отстранети и дека ќе биде возобновена дистрибуцијата на електрична енергија.
Снегот предизвика проблеми во сообраќајот на повеќе патни правци во централна Европа, а поради појавата на мраз на реката Дунав во застој или во целосен прекин е речниот сообраќај, особено во нејзиниот долен тек.
Околу 150.000 жители на градот Волос во централна Грција веќе трет ден се без вода, поради напукнување на водоводните цевки како последица на ниските температури.
Проблеми со водснабдувањето има и во Солун, поради што градските власти апелираа до граѓаните да штедат вода.Поради снежното невремето, како што јави ДПА, околу 32.500 домаќинства во Франција од утрово останаа без електрична енергија.
Претставник н