Марион Бартоли ја совлада Сабине Лисицки во финалето од Вимблдон со резултат 2-0.
Бартоли помина полесно од очекувањата, иако германката Лисицки беше блага фаворитка пред денешното финале на Вимблдон, сепак французинката Бартоли беше таа која славеше на крајот, и тоа доста убедливо.
Во првиот сет Бартоли имаше апсолутна доминација и играчки и резултатски, па така французинката го освои првиот сет со резултат 6-1.
Вториот сет повторно за Бартоли, која имаше предност од 5-1 во гемови, но Лисицки успеа да се врати и да ја намали негативата на дури 5-4 и да навести интересна завршница, сепак французинката го освои шестиот гем и уште во вториот сет славеше за големата победа.Марион Бартоли ја совлада Сабине Лисицки во финалето од Вимблдон со резултат 2-0.