Фрапантно е и антидржавно да се изнесат илјадници или десетици илјади разговори во раце на криминалци, да се однесат во соседна држава, да станат предмет на продажба. Тоа е копање далеку под дното, вели премиерот Никола Груевски за темата со фабриката за афери.-Човекот од Белград по портали кажува дека има ЦД со материјали, а раководството на СДСМ не крие дека имале комуникација и се гледале со овој човек. На некои од тие дискови пишувале имиња од каде им се материјалите, пишувало СДСМ, Заев. Излегоа во медиумите и фотографии од шефот на организирана криминална група со лидерот на СДСМ, човек кој претендира да стане премиер. Тој слушнавме дека е член и на нивната партија, од раководството во некоја општинска организација. Тешко е да се борите со луѓе кои користат вакви методи. Ние се бориме со проекти, дела, корекции на системот, вака не е лесно, освен преку институциите на системот, рече Груевски.
Премиерот во вестите на Сител потенцира дека институциите ќе ги превземат сите потребни мерки да се реши овој случај.
-Сега прв човек во МВР е генерален секретар на СДСМ кој се надевам дека ќе остане професионално да работи колку и да е вплеткана неговата партија во сево ова. Она што беше објавено е дека и снимката која излезе каде еден човек бос гази по тепих, збори нешто за ВМРО и пасоши има околу него, за што јавноста требаше да свати дека е човекот од ВМРО-ДПМНЕ, а излезе дека е снимано во соба од таа куќа. Истрагата трае, но од она што го чув, тоа е правено во таа куќа сакајќи да се помисли дека е човек од ВМРО-ДПМНЕ, а излезе дека со Чауш од СДСМ кој се сликал со Заев чие дете го сликал со Спасовски, во таа куќа била правена снимката за луѓето да се сомневаат во нас дека така со измама сакаме да дојдеме на власт. Како стојат работите, ќе излезе дека токму некој друг стои зад ова, рече Груевски.
Според премиерот, СДСМ е во големо бунило и паника. Прво велеа дека има 150.000 фалсификувани документи, па сега 22.000. Затоа Груевски вели дека се што ќе кажат од СДСМ му е сомнително.-Човекот од Белград по портали кажува дека има ЦД со материјали, а раководството на СДСМ не крие дека имале комуникација и се гледале со овој човек