1. Лустрираниот наредбодавач за кодошења Љубомир Данаилов бара “воведување на релевантни странци” во Македонија. Значи, иста комбинација како 2001 со белосветските криминалци Пердју и Леотар? Засилени со Солана! Тогаш капитулиравме од немање мозок кај политичарите и имање големо влијание на Данаилов кај нив. Фрчко-сака-грчко треба да разбере дека времињата се сменија.
2. Ивор Мицковски ја насловил својата колумна “Жерновски човек на неделата”! Хмммм, а ја да обзнанам кој е “идиот на годината”?
3. Единствен што го разбра зборот фригидност во Македонија, изречен од “лингвистот”, специјалист за новоговор Заев, е сезнајкото Ерол Ризаов. Да напишеш “со неколку едноставни, лесно разбирливи реченици…”, кога станува збор за говорот на Заев, е навистина храбро. Да разбереш дека кога Заев кажал фригидност, всушност “мислел” фрустрираност, е доказ дека Ризаов на велико овулира!!! Еволуира, де. Во специјален подвид на хомо сапиенс. Ја милува тој Дарвиновата теорија.
4. Владо Бучковски бил на тркалезна маса каде се дебатирало за реализацијата на Охридскиот рамковен договор. Се пожали во својата колумна дека таму дебатирале 12 мотивирани Албанци, наспрам само 3 Македонци. Немало интерес за ваква дебата од македонската страна, разочарано заклучува експремиерот. Не е јасно како Бучко не ја разбрал вистинската порака од оваа непосетеност!
5. Во стилот на петочниот наслов “На Третиот пат му растат шансите за успех”, весникот на Минчо Јорданов неколку броја по ред минатата недела ја започнува својата нова ера. Ера на партиско гласило. Партијата во формирање Алијанса за позитивна Македонија веќе има три члена! Минчо, Бучко и Зиков. Прашање за милион долари е кој е четвртиот член? Ако воопшто го има?
6. АБ ќе стане ЈМ телевизија. Андреевски Бојо ќе му ја шитне телевизијата на Јорданов Минчо. Светлата на ЈМ телевизија ќе ги упали гасачот на светла во А1, светло мајсторот Александар Чомовски. Ауууу, бед карма. Бед, бед карма.
7. Многу бистар овој Ѓорѓи Спасов. Вели: “Според демократските правила на Никола Груевски, во Македонија се што и е забрането на опозицијата во Собранието на Македонија и е дозволено на опозицијата во општина Центар”
А да ја превртевме реченицава? На пример: “Според демократските правила на СДСМ, во Македонија се што и се зема за грев на власта во Собранието на Македонија и е дозволено на власта во општина Центар”. Како му личи вака напишаново на Ѓорѓи? Она што не го осудија Ѓорѓи и такви како него во однесувањето на Бранко, син му на Бранко, на Заев, Стевчо и целата пратеничка група на СДСМ, сега му пречи на локално ниво? Двоен стандард? Ма дајјјјј…
8. Горан Михајловски повторно абортусот го стави во категорија на цивилизациска придобивка! Оваа “цивилизациска” придобивка инаку е позната уште од пред 5.000 години, во Кина на пример. Аристотел дебатира на оваа тема. Скрибониус Ларгус, староримски писател од областа на медицината, смета дека Хипократовата заклетва забранува вадење на фетус од телото на жената. Горан да потпрочиташе малку за цивилизацискава придобивка?
9. Тешко дека некој ќе го достигне дното кое го допреа Бранко Геровски и Ацо Кабранов со своите портали. Да се исмејуваш на сметка на својот народ со титлуван и измислен текст на видео старо 7 години, не што не е духовито, туку е болно. Само болен ум може видео во кое “водителот” Ерик Хартман (игран од комичарот Том Ван Дајк) во измислена “емисија” Бумеранг се смее на говорната мана на своите гости, да го стави под наслов “Македонци даваат изјава за странска телевизија”. Овој скеч-емисија, снимен уште пред 12 години, наиде на широки критики низ целиот свет. Видеото го преземаа стотици ТВ станици, вклучително и Џеј Лено. Ацо и Ѓеро го открија пред 5-6 дена. Ептен се “ексклузивни”..
10. Министерот за надворешни работи на Исланд Гунар Браги Свеинсон му го шлапна на Филе решението на својата влада за прекинување на пристапните преговори со ЕУ. Значи, што би рекол Рок Пророк: НЕ-у-ЕУ.
Автор: Миленко Неделковски1. Лустрираниот наредбодавач за кодошења Љубомир Данаилов бара “воведување на релевантни странци” во Македонија. Значи