Иако помина многу време и некои може да сметаат дека е доцна, сепак лустрацијата на Фрчкоски е процес кој што мораше да се истера до својот крај.
Тој во времето кога беше моќник во владата на Црвенковски ја користел моќта што ја има противзаконито и давал наредби да се следат политичките неистомисленици. Секој што мисли дека ова треба да се занемари или да не се зема за сериозно е необјективен.
Ние сметаме дека секоја злоупотреба на полугите на моќта, особено на тајните служби против политичките неистомисленици мора да се обелодени и да се санкционира.
Се сеќавате дека Фрчкоски беше кандидат за претседател на државата. Можно ли е Црвенковски да не знаел за методите кои што ги користел неговиот министер? Ние не мислиме така. Што имплицира дека овој метод му бил отсекогаш близок на Фрчкоски, а бил аминуван односно прифаќан како метод на делување.
Сега ѓаволот дојде по своето. Да не си во кожа на погоре посочениот, ако ништо друго барем поради срамот. Ако го има..
Иако помина многу време и некои може да сметаат дека е доцна, сепак лустрацијата на Фрчкоски е процес кој што мораше да се истера до својот крај.