Љубомир Фрчкоски, кој што е дологогодишен функционер на СДСМ и професор на Правниот факултет се гледа како на видео снимка физички напаѓа млад човек поради изразено мислење.Тројца млади луѓе го прашуваат пред еден од влезовите на правниот факултет со зборовите “дали му е срам што има такви ставови против унитарноста на државата”, на што овој возраќа со тупаници по едниот од младите луѓе. Дознаваме дека нападнатиот е средношколец, кој има неполни 17 години.
Дополнително професорот Фрчкоски во стилот на локален силеџија со погрдни зборови им се обраќа ”пичкави материна вмровска”, ”маму ти ебам”,…
Скандалозно е што универзитетски професор дели тупаници на маолетници за изразено мислење. Дополнително со ова паѓа во вода и целокупната фама создавана од опозициските перјаници дека опозиционери трпат насилство и јасно излегува на површина дека сето тоа е дел од една црна пропаганда.
Покрај тоа што овој брутален напад е срамотен и не доликува на возрасен човек а камо ли на лице кое е професор на факултет кој пред се треба да е педагог, Фрчкоски за нападот на малолетник треба да одговара кривично за што следи најстрога правна санкција. Скандалозно е што универзитетски професор задолжен за едукација на студенти, а напаѓа средношколци за изразено мислење.
Дополнителен скандал е што МВР го затскрива случајот и објави фалсификуван дневен билтен каде се тврди дека Љубомир Фрчковски бил нападнатиот, а од снимките се гледа дека воопшто не е така, односно дека Фрчкоски е токму насилникот кој удира малолетник.
“На 03.03.2017 година во 16,30 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека во просториите на правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, од страна на непознато лице бил извршен физички напад врз Љ.Ф. (60).”, стои во фалсификуваниот полициски билтен.
За ваквиот фалсификат нужно е да се открие и пропустот во полициските редови.
Истовремено алармантно е што функционерот на СДСМ Фрчовски ова не му е прв испад. Против него имаше судски процес за физички напад на жена поради паркинг место.
Опозициските медиуми ваквото насилничко однесување гледано според насловите не само што го одобруваат, туку еуфорично го храбрат и потикнуваат ваквото насилство.
Тројца млади луѓе го прашуваат пред еден од влезовите на правниот факултет со зборовите “дали му е срам што има такви ставови против унитарно