Еден од главните идеолози на СДСМ, поранешен министер од оваа партија и кандидат за претседател, Љубомир Фрчкоски во синоќешната дебата во „Топ тема“ на Телма изјави дека мултикултурната демократија е скапа работа.На прашањето како може да се пронајде решение во кое граѓанин ќе аплицира на својот јазик во Струмица, Берово или Делчево и дали тоа значи дека администрацијата во Струмица, Берово или Делчево треба да биде двојазична, Фрчкоски вели дека тоа значело оти ќе има служба за преведување, која ќе го преведува тоа.
-Видете, мултикултурната демократија е скапа работа, вели Фрчкоски и притоа зборува за некаков проект за вистинско етаблирање на мултикултурното општество, ако почнеле да се менуваат книгите по историја, “околу нашата и албанската историја или заедничката историја во Македонија“.
Прашањето кое произлегува од изјавата на Фрчкоски е дали тоа значи и дека ќе се вработуваат Албанци преведувачи и ќе се населуваат во сите градови каде што немало Албанци претходно?На прашањето како може да се пронајде решение во кое граѓанин ќе аплицира на својот јазик во Струмица, Берово или Делчево и дали тоа значи дека адм