Рушење на споменици и фасади, затворање на факултети, реизбор на судии, легализација на дроги и проституција се само дел од скандалозните барања на главниот сдсмовски идеолог Љубомир Фрчкоски до новата власт, искажани во скандалозна колумна за порталот Либертас.Во својата колумна „Само напред и никогаш роб“, едно од првите барања на Фрчкоски е рушење на споменици и фасади, бидејќи Александар и Филип не биле споменици на Македонците.
– Итно отстранување на неколку споменици и фасади од проектот Скопје-2014 (Александар и Филип не се наши национални симболи, да не зборувам за Ќосето пред Судска палата, фасадите на Владата, Нама и новионт брутализам на дел од Поштата), пишува Фрчкоски.
Забот кој го боли Фрчкоски, лустрација, исто така е на врвот од неговите барања. Фрчкоски, кој што беше лустриран кодош, бара поништување на лустрацијата.
– Закон за поништување на Законот за лустрација (отворање на можностите за оштетни побарувања и кривична одговорност на Томе Аџиев и др.), пишува Фрчкоски.
Идеологот на СДСМ бара и смена на обвинителите, истите оние кои го гонат Зоран Заев за „Поткуп“, Радмила Шекеринска за перење пари и редица други. Фрчкоски бара и бркање на луѓе од МВР под плаштот „професионализација“.
– Чистење на МВР од врските со криминалното подземје (нова систематизација и бркање на лицата со лажни дипломи од МВР); Разрешување конечно на оној врзан јазол на злоупотреби поврзани си УБК во МВР , пишува Фрчкоски.
Фрчкоски дури се дрзнува да бара и амнестија на затвореници кои биле политички активни, иако во Македонија нема такви.
– Да се обмисли амнестија на затвореници (политички прогонети, монтирани процеси или осудени за полесни кривични дела, што пригоди на нова власт од суштествен карактер), пишува Фрчксоки.
Главниот иделот на СДСМ бара и реизбор на судии, за целосно завладување и ставање на судството под контрола на СДСМ по теркот на оној реизбор од 1996-та година кога 600 судии беа избрани идеднаш.
–Реизбор на судиите (комплексен проект со учество на странци, некои модели од соседството се корисни. Она што е важно е да се изберат судии на начин што ќе ги стабилизира од коментари дека биле „нивни“, а сега се „наши“, а тоа учеството на странци во изборот може да обезбеди), пишува Фрчкоски.
Фрчкоски бара и нов закон за високо образование, кој би бил по теркот на соросовиот Професорски пленум.
–Нов Закон за Високо образование (проектот е веќе направен од експертска група на Професорскиот пленум и е добро базиран врз основните принципи на автономија и финансиска автономија), пишува Фрчкоски.
Тој бара и укинување на дисперзираните студии “во секое село”, со што илјадници студенти ќе останат без факултет и ќе ги изложат на дополнителни трошоци. Тоа значи зголемување на трошоците за студирање и замрување на многу градови кои Фрчкоски ги нарекува “села”.
Меѓу барањата на поранешниот претседателски кандидат на СДСМ е и нов либерален Закон абортус, со кој наместо да се намалува ќе се стимулира абортусот.
–Нов закон за абортусот (со негова либерализација и насоченост кон здравјето и телото на жената и контролата врз него на неа исклучиво), пишува Фрчкоски.
Фрчкоски бара и легализација на геј бракови, плус регулација на сексуални работнички.
–Заштита и ЛГБТ лица (опција за „граѓански партнерства треба да биде отворена“), Сексуални работнички (чија работа треба да се регулира и заштити, а не подложува единствено на полициски прогон и злоупотреби ), пишува Фрпкоски.
Идеологт на СДСМ бара и нови КЗ одредби за заштита и пенализација на говор на омраза и дела од омраза, со што новата власт сака да воведе санкционирање и политички отстрел на неистомислениците. На крајот на скандалозните барања на Фрчкоски се и легализирање на дрога, марихуана и депенализација на лесни дроги.
–Депенализација на лесни дроги и легализација на употребата на марихуаната, заклучува Фрчкоски.
Во својата колумна „Само напред и никогаш роб“, едно од првите барања на Фрчкоски е рушење на споменици и фасади, бидејќи Александар и