Универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски, кој е и поранешен министер за внатрешни работи и кандидат за претседател од СДСМ, во минатото ја дал идејата и бил еден од луѓето кои директно помогнале да се оствари посетата на Хунзите.
Тој иако денес е голем противник на проектот „Скопје 2014“, ја помогнал идејата за одење во Хунза кај кралот на Хунзите.
Во емисијата „Јади Бурек“, новинарката Марина Дојчинова го потврди ова, при што потврдува и дека Фрчкоски присуствувал на богатата вечера со кралот и крализацата на Хунза.
„Беше поканет на таа вечера, не од мене лично, незнам кој го покани. Фрчкоски беше еден од луѓето кој ја помогна идејата за првото одење бидејќи тие се кумови или старосватови со господинот Ралев. Во тие периоди имаше голема поддршка од господинот Фрчкоски“, вели Дојчиновска во гостувањето во „Јаду Бурек“ во декември минатата година, а емисијата синоќа беше репризно емитувана.
Дека Фрчкоски бил главниот за воспоставување на комуникација со Хунзите потврдува и новинарката Емилија Гелева во колумна од 2009 година.
„Инаку, токму Љубомир Фрчкоски е единствениот што има право во Македонија да го понесе епитетот Хунза Први. Според негови блиски, токму тој бил главниот за воспоставувањето комуникација со Хунзите од Пакистан и како најзаслужен се изборил тој да присуствува на свечената вечера со Хунза гостите. Оттука, она што Фрчкоски крие (како змија нозе) кога раскажува „прикаски“ е неговата лична „прикаска“ за Хунзите. Имено, Фрчкоски всушност е единствениот кој, според тврдења на негови блиски, е заслужен за тоа што Хунзите стапнале во Македонија. Токму Фрчкоски го убедил својот пријател г. Владимир Ралев, кој имал контакти во Пакистан каде што во делот на Хималаите живеат Хунзите, на новинарката Марина Дојчиновска пред некоја година да и го организира патот до Хунзите од што беше направена едночасовна репортажа. Се разбира има подрастични примери од овој за врвната изопаченост на Фрчко Хунза Први кој може истовремено да има неколку различни ставови за само едно прашање, а да не зборуваме дека она што го кажал вчера не важи денес. Ете до каде оди бедноста на еден испревртен ум како оној на Фрчимир Хунза Први. Да се „тепа“ да биде „почесен“ гостин на вечерата со Хунзите како најзаслужен за нивното доаѓање во Македонија, а од друга страна да обвинува други за ребрендирање на македонскиот идентитет“, пишува Гелева.
Истиот тој Фрчкоски, за кого во времето кога беше министер за внатрешни работи се зборуваше дека и тој има удел во идејата за копчињата со „сонцето од Кутлеш“ на униформите, сега е голем критичар на наводната „антиквизација“, термин вештачки наметнат и од Фрчкоски.
Извор:Курир.мкУниверзитетскиот професор Љубомир Фрчковски, кој е и поранешен министер за внатрешни