Еден од начините на кој дејствува СОРОС е креирање на лажна слика и перцепција преку неговите меѓународни организации кои тој ги финансира, а кои вршат рангирање за повеќе сфери и области во различни држави. Во последниот извештај на „Фридом Хаус“, организација финансирана со парите на СОРОС, стои дека е влошена оценката за демократското владеење во Македонија, односно демократијата во нашата земја била на најниско ниво на Балканот. Со ова „Фридом Хаус“ продолжува да ги одработува парите на Џорџ Сорос.
Фридом Хаус повторно излезе со нов извештај во кој констатира дека има пад на демократијата во земјава. Како по правило, во извештајот повторно се испраќа силен критицизам кон власта, и се прикажува некакво уназадување на состојбите се толкува прекршување, застој во стандардите, враќање назад, паѓање надолу.
Овие извештаи имаат за цел да разгласат дека во Македонија назадува демократијата, нема правен систем, се гуши слободата, во ситуација кога таа истата Македонија за која пишува Фридом хаус, пет пати по ред добива позитивен извештај од Европската Комисија во кој се констатираат напредоци во сите сфери.
Речиси секогаш вакви извештаи во кои се критизира жестоко состојбата во Македонија со наведување на уназадувања, враќања назад, немање демократија, недоволна посветеност се јавуваат пред за време на значајни настани или политичка неизвесност во државата, каков што е случајот сега.
Исто така, Фридом Хаус добива средства од фондацијата Сорос. Со малку гуглање веднаш се забележува дека меѓу финансиерите на оваа организација е и унгарскиот тајкун. Дури и на официјалниот сајт на Фридом Хаус е објавено дека основните средства за програмите доаѓаат во форма на грантови од приватни фондации, меѓу кои и Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос.
-Фридом Хаус моментално има 10 канцеларии и спроведува програми во повеќе од 20 земји во сите региони во светот. Основните средства за програмите на Фрудом хаус доаѓаат во фрома на грантови од УСАИД и од американскиот Стејт департмент, како и од останатите демократски влади: Велика Британија, Ирска, Шведска и Холандија и од приватни фондации вклучувајќи ги Џон Д. И Кетрин Т. МакАртур фондација, Фондација отворено општество како и Националниот фонд за демократија, објавено е на сајтот на организацијата.
Фридом хаус е веќе прочитана организација, не само од Македонците, туку и од светската јавност, и доколку само малку се просурфа по интернет веднаш ќе се забележат силни критики и оспорувања на нивните наводи од разни светски страни и од Америка, и од Русија и од Франција и од Јужна Америка.
Никој не знае по која методологија се изработуваат овие извештаи. И самите организации велат на своите официјални страници дека методологијата е тајна. Не се знае кој опсервира, кој информира, кој толкува, колкав примерок се зема, колку мислења се слушаат, колку извештаи се земаат во предвид, која е релевантноста и по кој модел се избираат известителите, сеопфатен ли е обемот и слично.
Веќе неколку години по ред се спроведува оваа операција со која удира по Македонија
Инсталации блиски до СДСМ испраќаат негативни информации
-Колку е СДСМ непринципиелна кон ова прашање говори и фактот дека луѓе и инсталации блиски на СДСМ и фондацијата СОРОС на Владе Милчин се тие кои што од Македонија ги испраќаат негативните информации, извештаи и формулари и од нивни лични и политички причини креираат негативна перцепција и го нарушуваат имиџот на Македонија, стоеше во едно од соопштенијата од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на извештајот на Фридом Хаус.
При извештајот пред две години, кој беше исто критички настроен како и сегашниот, Сител пренесе дека токму најблиските новинари на СДСМ и СОРОС биле главните информатори на Фридом Хаус при подготовката на извештајот за слободата на медиумите во земјава. Според извори на Сител, организацијата ја брифирале Ацо Кабранов и Борјан Јовановски. Информации давала и уредничката на Фокус, кој исто така е под директна контрола на СДСМ и СОРОС, како и други инсталации блиски до СДСМ
Останува нејасно, врз основа на кои согледувања, овие луѓе ја брифирале меѓународната организација, со оглед на тоа дека за дел од нив, новинарството се сведува на објавување колумни со претходно нарачана содржина на интернет порталите и весниците под директна контрола на СДСМ и СОРОС или пак секојдневна антивладина активност на социјалните мрежи.Фридом Хаус повторно излезе со нов извештај во кој констатира дека има пад на демократијата во земјава. Како по правило, во извештајот повторно се