Јулија Апокадо Лејн (31), скоро била на операција. Таа страда од псоријазен артритис кој често резултира со иритирана и сува кожа.Со разнишана самодоверба, Јулија одлучила да излезе од дома прв пат по операцијата за да оди на фризер.
Во моментот кога седнала на столица кај фризерот, се соочила со сурово прашање: „Дали си заразна?!“
Таа почнала да ѝ објаснува на фризерката дека тоа е обична појава на псоријаза и дека не може да се пренесе од едно на друго лице. Но, била избркана од фризерскиот салон.
Шокирана и вознемирена, Јулија се вратила во автомобилот и почнала да плаче.
„Ме понижи. Направи да се чувствувам како да сум сторила нешто погрешно, како нешто да не е во ред со мене.“
Од фризерскиот салон одговориле дека вработените имаат право да одбијат нудење на услуга доколку почувствуваат дека здравјето им е изложено на ризик и дека Јулија требало да донесе медицинска документација при закажаниот термин.
Јулија го споделила своето искуство во група на Фејсбук за луѓе коишто имаат псоријаза и членовите ѝ помогнале да прати моќна порака до јавноста.Со разнишана самодоверба, Јулија одлучила да излезе од дома прв пат по операцијата за да оди на фризер.
Во моментот кога седнала на столица