Фрлен отпушок причина за пожарот кај Могилец

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од Битола поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „предизвикување шумски пожар“.-Имено С.И.(48) и Ј.И.(49) двајцата од Македонски Брод на 4-ти август околу 12 часот во с. Могилец, Македонски Брод, во дворното место од куќа сопственост на пријавените започнал пожар што подоцна се проширил, при што биле опожарени две напуштени куќи, сандаци со пчели, но бил предизвикан и шумски пожар и била опожарена значителна површина со борова шума. Од преземените мерки постојат сомненија дека пријавените фрлиле отпушок од цигари во сено и предизвикале пожар што подоцна се проширил, информираат од МВР.
Против Д.К.(36) од село Косово, Македонски Брод е поднесен посебен извештај поради постоење основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“, а во врска со пожарот настанат на 25.07.2017 година што најпрво започнал во ловечки објект, а подоцна се проширил на места викани „Бигор“, и „Круша“ над село Требовле.
-Исто така Полициска станица од општа надлежност Македонски Брод поднесе и Записници за констатирани прекршоци по член 54  од Закон за шумите до надлежен инспектор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство против две лица: Р.В.(61) од Скопје со престој во село Долно Зркле и против М.С.(82) од село Заград. Сторителите предизвикале отворен пожар во селата Заград и Зркле, информираат од МВР.-Имено С.И.(48) и Ј.И.(49) двајцата од Македонски Брод на 4-ти август околу 12 часот во с. Могилец, Македонски Брод, во дворното место од куќа сопс

Пронајдете не на следниве мрежи: