#ФросеДржиСе: Врие на Твитер по гафот на Ременски!

Да се пушти брк или не? – Прашањето е сега! Фросина Ременски успешно се надмина себеси, откако денеска на Фејсбук објави дека не била полнолетна кога пристапила во редовите на ВМРО-ДПМНЕ со наполнети 21 година.Очигледно г-ѓа Ременски знае нешто што ние не го знаеме и ќе го искористиме овој момент да им се обратиме на надлежните: со кој памет им издаваат лични карти на младите кога ќе наполнат 18 години и ги третираат како полнолетни.
Како се осмелуваат да им дозволат на младите да пијат алкохол и да ги третираат како возрасни, камоли да матурираат?
Денеска беше направен преседан, историски пресврт кој многумина остави изненадени, многу професори по математика во дилема и прашања дали законите на алгебрата по некое чудо беа сменети во меѓувреме додека цел свет спиел?
Денеска на Фејсбук профилот на Фросина Ременски беше објавен статус во кој таа ги негираше објавите дека пристапила во ВМРО-ДПМЕ своеволно, велејќи дека некој друг ја зачленил во партијата додека била малолетна.
Стапивме во контакт со врвни математичари за да ни објаснат дали има грешка во нејзините пресметки. Но, пред да се образложи, да го погледнеме документот:

Дата на раѓање: 22.02.1977.
Дата на потпишување пристапница: 07.01.1999.
Тоа се неполни 22 години, што значи дека Ременски пристапила во партијата на 21 година.
Во САД се станува полнолетен со наполнети 21 години, кај нас на 18 години. Не е потребно математички да се пресмета дека демантот на Ременски „држи вода“, а и дека станува збор за шарена лага.
Ова беше нејзината реакција:
– Им се заблагодарувам на моите загрижени, наводни „сопартијци“ од Крива Паланка на кои не сум им „оставила посебен впечаток за моите квалитети и потенцијали“. Од денешна перспектива овој лист хартија кој не е потпишан од мене како полнолетен граѓанин на РМ, зборува за очајот во кои неуспешните на ним својствен начин се надеваат дека ќе фрлат сенка на успешните. Можете да кажете што сакате и колку сакате, за таквите како вас сум Гоце Делчев!“.
Веднаш беше пуштена и реакција на СДСМ дека таа не потпишала никаква пристапница, но судејќи според нејзиното тврдење, единствено можеше да се заклучи дека таа НЕ негира дека пристапила – туку дека станува збор за лист хартија кој не е потпишан од неа како полнолетен граѓанин.
Зошто СДСМ се мачат со кампањи покрај вакви самоуништувачки потези?
Твитерџиите не чекаа многу и решија да нѐ почестат со навистина урнебесни твитови, проценете сами:
Очигледно г-ѓа Ременски знае нешто што ние не го знаеме и ќе го искористиме овој момент да им се обратиме на надлежните: со кој памет им издаваат л

Пронајдете не на следниве мрежи: