До нашата редакција пристигнаа повеќе реакции од страна на неколку родители на деца со пречки во развојот, кои ни доставија податоци дека се стопира уште еден проект на Минситерството за труд и социјална политика од страна на техничката министерска Фросина Ременски. Таа и нејзиниот кабинет остануваат незаинтересирани за реализација на владините проекти, и во петтиот месец од својот мандат, детруктивното работење влијае да се стопира реализацијата на ште еден веќе започнат проект во интерес на најранливата категорија на граѓани, објави порталот Денешен.До нашата редакција пристигнаа повеќе реакции од страна на неколку родители на деца со пречки во развојот, кои ни доставија податоци дека се стопира уште еден проект на Минситерството за труд и социјална политика од страна на техничката министерска Фросина Ременски. Таа и нејзиниот кабинет остануваат незаинтересирани за реализација на владините проекти, и во петтиот месец од својот мандат, детруктивното работење влијае да се стопира реализацијата на ште еден веќе започнат проект во интерес на најранливата категорија на граѓани, објави порталот Денешен.
Овојпат под удар на деструктивното работење на Ременски се најдоа корисниците на проектот “Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци од 6 до 26 години и возрасни лица со телесен инвалидитет” проект кој повеќе од три месеци е стопиран и не се реализира а кој започна да се реализира во 2014 година и до сега со него биле опфатени 285 деца со пречки во развој и 285 родители односно 570 корисници, пишува порталот.
Конкретно овој проект е наменет за деца со церебрална парализа, деца кои имаат пречки во телесниот развој или комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години кои се корисници на посебен додаток. За овие лица беше обезбедено користење на бесплатна рехабилитација и рекреација во јавната установа за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица во период од 5 дена со обезбеден бесплатен превоз, храна и едукативни содржини.
-Според нашите информации од вработени во специјалниот завод Бања Бањско, со стапувањето на Ременски на функцијата за овој проект нема никаква иницијатива од Министерството за труд и социјална политика односно истиот е стопиран од декември 2015 и лицата кои треба да заминат на бесплатна рехабилитација и рекреација се оневозможени и чекаат на милоста на техничката министерка, објави Денешен.
На Ременски најдобро и одат кадровите разрешувања, именувања и преместувања. Во тој дел за неа не постојат никакви пречки. Но кога е во прашање туркањето и продолжувањето на проектите виновник секогаш лоцира во други.
Овие деца и нивните родители треба да бидат оставени на страна од дневно-политичките чекори и опструкции на техничката министерка.До нашата редакција пристигнаа повеќе реакции од страна на неколку родители на деца со пречки во развојот, кои ни доставија податоци дека се