Претседателот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија Жарко Селковски, на денешната прес-конференција побара итно да се стави во функција Дневниот центар за деца со оштетен вид во Кисела Вода.Тој истакна дека е изненаден и згрозен од одлуката на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски и директорката на скопскиот Центар за социјални работи да го затворат Дневниот центар за деца со оштетен вид во Кисела Вода.
Секојдневно, како што рече, примам многу повици од нашето членство од цела држава кое е револтирано од односот на Ременски кон слепите лица.
– Овој Центар беше голема потреба и успешно функционираше од октомври 2014 година како силна поддршка за слепите дечиња и нивните родители за воспитување и едукација на децата со оштетен вид. Само во рамки на ваквите центри тие можат да стекнат знаења и вештини за полесно да се стекнат во секојдневниот живот. Со тогашниот министер успеавме да издејствуваме негово отворање и немаше никаков проблем во комуникацијата, истакна Селковски.
Тој информираше дека пред една недела оствариле средба со Ременски како членови на Националниот совет на инвалидски организации и оти таа изразила подготвеност за соработка. Тој додаде дека по три дена молчеливо е донесена одлуката да се затвори овој Центар.
Селковски најави дека ако не наидат на разбирање и ако Центарот не почне наскоро да работи за тоа ќе ги известат странските амбасади во Македонија, Владата и меѓународните организации на слепи лица.
Дневниот деца за деца со оштетен вид во Кисела Вода го посетувале пет дечиња до шестгодишна возраст.Тој истакна дека е изненаден и згрозен од одлуката на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски и директорката на скопски