Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски свесна дека и минува времето како технички министер и за целосниот хаос кој ќе го остави позади себе се обидува да се затскрие позади неосновани кривични пријави кои значат исто колку еден “празен лист хартија”, стои во реакцијата на Диме Спасов на ставовите изнесени од страна на техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски.Ременски докажа дека нема елементарно познавање на правото бидејќи не знае дека при поднесување на предлог за покренување на кривична постапка покрај текстот кој е наведен во истата потребно е да има и реален основ кој ќе се поткрепи со докази и ќе се опише настанот каде е сторено дејствие како и времето и местото со цел да се утврди основот за покренување на кривична постапка а понатака и докажување на сторено кривично дело со кое настанала штета.
Во овој случај Ременски се расфрла со празни листови хартија за да ги исполни партиските наредби и прави обид за јавноста да се стекне со лажен впечаток дека Ременски мора да поднесе кривични пријави.
Со оваа утврдена партиска динамика на поднесување кривични пријави очекувам техничката министерка да си поднесе и сама на себе кривична пријава при што ја охрабруваме што поитно да го направи тоа. Бидејќи очигледно има наредба да поднесе поголем број пријави по секоја цена.За овој хаос кој што го прави ке одговара за кривично дело лажно пријавување.
Во име на вистината и за правилно информирање на јавноста, дополнителниот заменик министер, писмено со известување ги има доставено решенијата за времени мерки до незаконски разрешените директори и до в.д директорите за нивно навремено информирање.
Разрешените директори по добивањето на времените мерки поднесоа Барање за примопредавање бидејќи судот има донесено решенија за времени мерки. Тие ниту направиле примопредавање ниту насилно влегле во канцелариите на в.д директорите. Други дејствија не се превземани бидејќи се чека одлуката на Вишиот Управен Суд по жалбите поднесени од техничката министерка Ременски.
И студент по право но и секој граѓанин знае дека ова не е кривично дело ниту пак писмено барање и известување се кривични дела ниту пак е предизвикана некаква штета.
За да јавноста види колку е прозирна партиската агенда на Ременски и колку не го познава правото доволен е примерот со разрешениот директор на Центар за социјални работи Прилеп. Техничката министерката и поднела кривична пријава а притоа Управниот суд воопшто се нема огласено со решение за времена мерка а со тоа разрешената директорка нема превземано никакви дејствија откако е разрешена.
Во нејзиното неколку месечно министерување освен хаос и деструкција нема ништо позитивно и конструктивно направено при што целосно го урна реномето на министерството за труд и социјална политика. Фросина Ременски се води по девизата на матичната партија каде при поднесување на овие пријави правниот ефект не е важен туку е важен пиар ефектот.
Ременски има рок од 48 часа да се извини за изнесените невистини и за изречените клевети и навреди во спротивно ќе и бидат поднесени тужби за навреда и клевета.
Интегрален текст од реакцијата на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме СпасовРеменски докажа дека нема елементарно познавање на правото бидејќи не знае дека при поднесување на предлог за покренување на кривична постапка покр