ФУДБАЛСКА ЛЕКЦИЈА ВО ТРИ ПОТЕЗИ!!!

Бразил и одржа фудбалска лекција на Шпанија и ја совлада со високи 3-0 во финалето на Купот на Конфедерациите.
Фред уште во 2-рата минута од натпреварот мошне рано му донесе предност на својот тим од 1-0.
За 2-0 стрелаше големата бразилска ѕвезда Нејмар на само една минута до крајот на првиот дел (44-та минута).
Конечните 3-0 ги постави Фред со неговиот втор погодок на овој натпревар по само 2 минути игра во вториот дел од натпреварот (47-ма минута).
Натпреварот на „Маракана“ во Рио Де Женеиро го следеа близу 74 000 гледачи.
За одбележување е тоа што Серхио Рамос повторно се посрамоти кога станува збор изведување на пенал, во 54-тата минута повторно стана предмет за потсмев за големите фудбалски фанови, а немоќта на Шпанците против силните Бразилци беше и црвениот картон на Жерард Пике во 68-мата минута од натпреварот.
Веќе на големо фудбалските фанатици и големите фанови на селекцијата на Бразил најавуваат дека оваа голема победа на Бразил против Шпанија во финалето од Купот на Конфедерациите е само увертира за тоа што претстои наредната година кога токму во Бразил се одржува Светското Првенство во фудбал.
Фото: Goal.com

Бразил и одржа фудбалска лекција на Шпанија и ја совлада со високи 3-0 во финалето на Купот на Конфедерациите.

Пронајдете не на следниве мрежи: