Фудбалската Академија Вардар од денеска започнува со уписи

Фудбалската Академија Вардар од денеска (10.08) започнува со уписи за      генерациите родени од 2002 до 2010 година.      Младите кои отсекогаш сакале да бидат фудбалери, сега имаат         можност тоа да го остварат веќе од 1-ви септември кога започнуваат тренинзите во Академијата. Академијата се состои од детска школа,  каде месечната членарина изнесува 800 денари и е отворена за сите                 кандидати без разлика на нивниот степен на фудбалско знаење. Додека во фудбалската академија веќе се                обучуваат младите Вардарци одбрани од стручните лица и се подготвуваат за учество на натпревари и турнири.               Талентите пак од детската школа кои ќе бидат препознаени од нашите тренери префрлуваат во фудбалската   академија каде продолжува нивниот професионален развој и подготовка за натпревар.
 
                Сите услови што ги нуди Академијата одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од           светски ранг. Академијата на ФК Вардар е подготвена за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги      гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови. Со младите ќе        работат стручни и професионални тренери кои што целото внимание ќе го посветат на фудбалскиот     развој на идните фудбалери.
 
                Академијата е отворена за нови членови до 31-ви август, секој работен ден од 9 до 21 часот. Подетални         информации можете да добиете на телефонскиот број 3 125 945.Академијата се состои од детска школа,  каде месечната членарина изнесува 800 денари и е отворена за сите       

Пронајдете не на следниве мрежи: