Фудбалската федерација на Македонија на свечена церемонија што се одржа во Македонскиот народен театар, ги додели признанијата за најдобрите во македонскиот фудбал во 2014 година.Репрезентативецот Агим Ибраими е прогласен за најдобар македонски фудбалер за 2014 година. Тој покрај забележителните настапи во црвено-жолтиот дрес на Македонија, имаше и успешен настап со својот клуб Марибор на меѓународната сцена.
За Ибраими ова е втор пат да биде прогласен за најдобар фудбалер на Македонија, откако признанието го доби и во 2012 година, Со тоа Ибраими им се приклучи на Горан Пандев и на Николче Новески, како играчи кои што ја добиле оваа наградата повеќе од еднаш. Пандев беше добитник пет пати (во 2004, 2006, 2007, 2008 и 2009 година), а Новески стигна до признанието лани и во 2005 година.
Во женска конкуренција и овој пат нашата интернационалка Наташа Андонова го понесе признанието за најдобра македонска фудбалерка.
Борче Маневски, кој сега е член на тајландскиот клуб Чаинат, е прогласен за најдобар играч во домашното првенство. Маневски беше еден од најзаслужните играчи за освојување на двојната круна на ФК Работнички во минатата сезона.
Токму двата трофеи на Работнички го промовираа и Игор Ангеловски за најдобар тренер, а разбирливо „Романтичарите’’ го понесоа признанието за најдобар колектив.
Дејан Блажевски кој постигна 19 голови за екипата на Хоризонт Турново го понесе признанието најдобар стрелец.
Во младинските категории признанието најдобар млад играч му припадна на Јасир Асани од Вардар. Со освојувањето на двојната круна младинците на ФК Металург му го донесоа признанието за најдобар колектив, а на Влатко Колев за најдобар тренер, додека Михајло Јакимовски со 28 гола за екипата од Автокоманда, беше прогласен за најдобар голгетер во младинска конкуренција.
Признанието најдобар судија му припадна на Димитар Мечкаровски.Репрезентативецот Агим Ибраими е прогласен за најдобар македонски фудбалер за 2014 година. Тој покрај забележителните настапи во црвено-жолтиот дре