Фудбалската јавност ги поздрави новите мерки во спортот

Ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти, е една од 4-те мерки од областа на спортот кои вчера ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а врвни фудбалски имиња ја поздравија истата.Планот е, рече Груевски, да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери.
-Планот е овие тренери да се со поголеми успеси како тренери во нивната тренерска кариера, подобри од било кој тренер во Македонија. И оваа мерка ќе почне да се применува дел по дел од година во година, почнувајки од септември 2017та во соработка со спортската академија и федерациите. За следната година веќе се обезбедени пари во буџетот предложен од МФ, за ангажман на првиот тренер со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе биде ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје. Од 2018та ќе се продолжи со ангажман на други вакви тренери и во други спортови и во спортските академиите различни градови, истакна вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Врвните фудбалски имиња ја поздравија оваа мерка.
Секое вложување во спортот е за поздравување, вели стрелецот на првиот гол за македонската фудбалска селекција Зоран Бошковски- Чоко.
-Само така може да се оди напред, со повеќе вложување и инвестирање. А што се однесува оваа мерка е за поздравување доколку тренерите бидат од врвен калибар, квалитетни и кога ќе дојдат во Македонија да разменат искуства со македонските тренери. Да може да нова идеја, нова филозофија која сигурно ќе придонесе понатаму за уште подобар развој на македонскиот спорт. Само со перманентно вложување можеме да дојдеме до позитивни резултати. Резултати не може да се постигнат за неколку месеци, но со континуирано вложување мислам дека во наредниот период, во следните години може да го подобриме квалитетот и да имаме поквалитетен фудбал, истакна тој.
Саша Чириќ, поранешниот фудбалски репрезентативец, во однос на мерките од областа на спортот, вели дека, спортистите, клубовите во Македонија, како и Федерациите, 25 години чекаат на вакво нешто затоа што само на овој начин ќе може да се подобрат условите на спортот во Македонија и да тргнеме со покрупни чекори нанапред.
-Ангажманот на врвни тренери од странство во спортските академии е една мерка која исто така нас не засега. Ние имаме 9 академии низ Македонија, фудбалски академии во поголемите градови, како и една УЕФА паралелка тука во Скопје, во таа УЕФА паралелка на тренинзите доаѓаат тренери и стручњаци од УЕФА и гледаме дека навистина со нивното активно учество ма тренинзите тука дека се зголемува и квалитетот на тренингот тука во Македонија. Така што очекувам доколку се имплементира и оваа мерка дека поголем број врвни стручњаци кои работеле со деца и имале успех некаде во Европа, многу ќе ни значат на нас во Федерацијата бидејќи ќе го подобрат квалитетот на тренингот и децата ќе може да научат нешто повеќе, а се надевам и дека одредени тренери нема да бидат суетни и дека заедно ќе соработуваат со таквите стручњаци и тие самите ќе се надградуваат, истакна Чириќ.
Според фудбалерот на Турново, Филип Петковски, оваа мерка пред се ќе биде добра за сите спортисти, како и за македонските тренери.
-Мерката е добра за кошаркари, фудбалери, ракометари, одбојкари, тенисери и сите други што се занимаваат со спорт. Се надевам дека ќе биде се како што треба и дека нема да биде краткорочно ова што ќе биде за прв пат кај нас во Македонија. Се надевам дека со искуството на тие странски тренери односно нивното знаење и нивниот успех ќе го пренесат кај нас. Ќе има од Академијата што да се учи и за тренерите и за фудбалерите да научат се уште од мала возраст, потенцира Петковски.Планот е, рече Груевски, да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери,

Пронајдете не на следниве мрежи: