Фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Израел цел на терористички напад

Косовската полиција денеска соопшти дека спречила координирани терористички напади на групата Исламска држава во Косово и во Албанија. Цел на еден од нападите бил и натпреварот меѓу Израел и Албанија од квалификациите за светското првенство во фудбал, што во сабота се одигра во Албанија, пренесе ДПА.Косовската полиција соопшти дека во последните 10 дена уапсила 19 лица, кои биле осомничени за врски со Исламска држава и за планирање напади во Косово и Албанија, претходно денеска пренесе Танјуг.
Приведените планирале терористички напади во Косово и напади врз фудбалската репрезентација на Израел и нејзините приврзаници за време на натпреварот Албанија-Израел, се наведува во соопштението на косовската полиција.
Од безбедносни причини фудбалскиот натпревар е преместен од градот Скадар во Елбасан, односно поблиску до главниот град Тирана, забележува ДПА.
Осомничени се  18 косовски државјани и еден Македонец. Тие биле набљудувани од 4 ноември и потоа уапсени. Во моментов сите се наоѓаат во 30-дневен притвор, а истрагата за нив продолжува.
Во Албанија и во Косово беа уапасени уште шест лица, посочуваат американските медиуми. Полицијата во акцијата од нив одзела експлозиви, полуавтоматско и друго оружје. Групите во трите држави биле координирани од двајца Албанци, кои се дел од терористичката група Исламска држава во Сирија и Ирак. Тие имале „јасни цели кого и кога да го нападнат“, соопшти косовската полиција.
Танјуг дополнува дека осомничените биле во контакт со Лавдрим Муџахери, самопрогласениот „командант  на Албанците во Сирија и Ирак“, од кого добивале наредби за напади.
Во последните години најмалку 200 Косовци се уапсени или ставени под истрага под сомнение за врски со Исламска држава”. За Сирија заминале вкупно околу 300, а над 50 од нив загинале во борбите на страната на Исламска држава.Косовската полиција соопшти дека во последните 10 дена уапсила 19 лица, кои биле осомничени за врски со Исламска држава и за планирање напади во Ко

Пронајдете не на следниве мрежи: