Ирецот Ерван Фуере, беше евроамбасадор и специјален претставник на ЕУ во Македонија од 2005 до 2011 година, односно во периодот кога е постигнат договор за формирање влада на победник со победник од двете најголеми етнички заедници, пишува Република.-Иако во Македонија, експерти, професори, новинари кои известувале за тоа се сеќаваат дека било така, Ерван Фуере како да дожиевал амнезија, па излезе со изјава со која тврди дека таков договор не се случил. Според него, единствениот принцип кој бил официјално прифатен е принципот на Бадинтер, со кој се гарантираат правата на малцинските заедници. Ова покажува дека Фуере не знае за граници, па своите лични фрустрации кон одредени луѓе од оваа земја кои не се негови истомисленици ги истура пред целата македонска јавност користејќи лаги, поигрувајќи си со значајни прашања за нашата земја. За иронијата да биде уште поголема, како шлаканица на неговите лицемерни тврдења во кои по сѐ изгледа верува само тој реагираше и Билјана Ванковска, која како сведок, тогашен член на Бордот на Хелсиншкиот комитет, тврди дека лично тој инсистирал дека ДУИ е легитимен претставник на Албанците поради поголемиот број освоени пратенички места и дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да прави коалиција со ДПА, пишува порталот.
„Не постои принципот „победник со победник“ – оваа изјава на Евран Фуере е ЧИСТА ЛАГА! да го потсетам дека во 2006 година, Хелсиншкиот комитет (во чиј Борд членував и јас) излезе со извештај во кој нотираше отворено мешање на ЕУ амбасадорот во формирањето коалициона влада (дотичниов инсистираше дека ДУИ е легитимен претставник на Албанците поради поголемиот број освоени пратенички места и дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да прави коалиција со ДПА). Нашата забелешка беше принципиелна, токму во смисла на тоа дека никаде (ни во устав, ни во закони) не пишува дека треба коалицирање на победник со победник, а дека странците се мешаат во внатрешните работи. Таа во својот статус објаснува и дека веднаш по извештајот како претставници од НВО биле повикани на средба со Фуере кој како што пишува Ванковска биле пречекани со рафален напад од страна на лутиот „специјален претставник на ЕУ“.
Дека Фуере лаже без срам зборува и текстот на уредникот на дневниот весник „Дневник“, Дарко Јаневски, кој доста огорчено пишува во колумната „Двестате години на Фуере“ дека Фуере освен што љуби да плива во Охридско Езеро и да се загрева со жолта, изгледа сака и македонскиот народ при здрав памет да го направи будала. Тој му порачува на Фуере дека луѓето во оваа земја знаат оти Грувески не туку-така во 2008 година им откажал на ДПА, а го зел ДУИ.
-Апсурдно e да помислиш дека е возможно цел еден народ да го лажеш, да го третираш како изветреан, да му се потсмеваш, да си играш мајтап со него, да го правиш недоветен, да му велиш дека е будалетинка која не знае, која не била тука кога го договараа влезот на Ахмети во Владата. Па му упати и јасна порака: „Молчи таму, троши си ги парите што ги заработи овде и седи си мирен, бруко една лажлива. И гледајте му го сега тоа односот кон сите нас: Па тој не нѐ смета за луѓе, не нѐ смета за живи, туку за тесто, за бедотија на која денес ќе ѝ каже едно, утре друго, а таа маса ќе се подвитка, ќе каже „да, така е“ и ќе си продолжи како што ѝ е наредено од великиот европски бог. Зашто тој, Фуере, тој е врховиот суд, тој е привидението што се јавува навечер и порачува што треба и како треба. Наместо да оди на психијатар и да побара помош за веќе паталошката омраза кон сите оние од Македонија што не се како него, пишува Јаневски.
Јаневски потсетува дека овој народ не е будалетинка и многу добро се сеќава како Ахмети влезе во Владата во 2008 година и кој молчеше дури и за скандалозното амнестирање на Ахмети и неговите за воени злосторства.
–Пред некоја година имаше приказна за него во која тој кажуваше дека сите во неговото семејство се долговечни. Ние му посакуваме и тој да биде. Да живее не сто, туку двесте години. Ама ако Господ му го зел умот, тогаш изгледа годините му се казна. Проблемот е што заради таа негова казна, сега и ние мора да трпиме, иронично завршува Јаневски.
-Иако во Македонија, експерти, професори, новинари кои известувале за тоа се сеќаваат дека било така, Ерван Фуере како да дожиевал амнезија,