Бугарскиот европратеник од ГЕРБ / ЕПП Андреј Новаков и пратеникот и претседател на Младите ГЕРБ Георг Георгиев се во Скопје, каде што помагаат за отстранување на штетите кои беа предизвикани од невремето и поплавите во македонската престолнина, соопштија од прес-центарот на ГЕРБ. Тие се дел од волонтерска иницијатива која има за цел да помогне во оперативната активност на службите за борба со катастрофи во Македонија.„Вклучени сме како волонтери“, соопшти европратеникот на личната страница на Фејсбук.
Денес двајцата се вклучија во снабдувањето со гориво за постројки за одводнување.
– Дополнителни тешкотии тука се создаваат од фактот дека електричната енергија е прекината. Беше тешко да се најде бензинска пумпа која работи. Водата е загадена и е непогодна за пиење. Остануваме тука за да помагаме во сè од што има потреба локалното население и кризниот штаб – објасни Андреј Новаков.
– Ја делиме нивната вознемиреност од катастрофата што ги снајде. Се случило и во Бугарија. Тука сме за да помогнеме – рече Георги Георгиев.
Тој вели дека со Новаков помагале при расчистувањето на куќата на постара двојка, погодена од поплавите.
– Им помогнавме со физичка сила при расчистувањето. Ги користиме и пумпите, обезбедени од бугарските власти – додаде Георгиев.
Инаку, ГЕРБ е владеачка партија во Бугарија чиј лидер е добропознатиот премиер Бојко Борисов.
Освен волонтерите, Бугарија испрати и дополнителна помош во опрема, луѓе и намирници.„Вклучени сме како волонтери“, соопшти европратеникот на личната страница на Фејсбук.
Денес двајцата се вклучија во снабдувањет