Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат на терен меѓу народот

Она што во неделата на големиот народен собир пред околу 40.000 граѓани го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски почна да се реализира. Највисоки партиски функционери интензивно работат на терен, одржуваат средби со граѓаните и ги посетуваат општинските партиски штабови. Во нив се бара место повеќе.-Почнуваме силно на терен, како никогаш досега. Ќе пробаме да допреме до секој еден граѓанин, до секое едно семејство за да ја пренесеме нашата порака, да ве погледнеме во очи и да ви кажеме кои се нашите планови и идеи како да го направиме вашиот живот подобар, како да ја направиме нашата татковина попросперитетна и подобро место за живеење. Ние ја имаме таа обврска и никој не може да ја сака нашата татковина повеќе од нас самите кои тука живееме, посочи Груевски од големиот партиски собир.
Информациите кои што пристигнуваат од локалните партиски ограноци велат дека во секој штаб, функционерите ги пречекуваат голем број граѓани и локални партиски членови и симпатизери.
Како резултат на политиките кои ги води ВМРО-ДПМНЕ, невработеноста во Република Македонија изминатите 10 години е значително намалена. Ако во 2006-та истата изнесуваше околу 38 проценти, денес е на историски најниско ниво на 24 проценти, истакна Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашната средба со жителите од скопско Сопиште.
-Ако во 2006 година имаше околу 560.000 вработени лица, денес има 720.000 вработени во Република Македонија или пак новоотворени над 160.000 работни места. И тука во Сопиште не е поразлична ситуацијата. Во Сопиште во 2006 имаше околу 720 невработени, денес има околу 430 лица, што е намалување на невработеноста за околу 39 проценти само во оваа општина, рече Спасов.
Намалувањето на невработеноста, додаде тој, се должи пред се на мерките и политиките кои ги спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните веруваат во економската програма на ВМРО-ДПМНЕ, веруваат дека водиме многу подобра грижа за Р.Македонија, за македонската економија и поради тоа на 11 декември ќе го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ. Гласот против СДСМ е глас против редефинирање на државата воведување на албанскиот јазик на целата територија на државата, потенцираше Спасов.
Добро е што ќе има избори и на Македонија и е потребно да има избори за да се излезе од оваа политичка криза, да се стави крај на истата и со стабилно мнозинство да се формира следната влада, истакна вчера членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев од Ростуше каде имаше средба со жителите.

-Следната влада ќе треба да ги врати состојбите во нормала, да го вратиме овој период и момент кога многу често имавме нова фабрика или нова инвестиција, добро е што и периодов имавме зголемено доаѓање и најава за нови инвестиции, нови работни места, зголемување на платите, пензиите, подвлече Ѓорчев.
Тој додаде 63 пратеници се најдобра порака за унитарноста на Македоија и уставниот поредок, како и гаранција за поддршка за огромен број општини во нивните проекти.
Кризата во Република Македонија која траеше подолго време и беше наметната од СДСМ и нанесе огромна штета на граѓаните и државата конечно заврши, истакна Елизабета Канческа Милевска по вчерашната средба со граѓаните од скопско Тафталиџе.

-На 11 декември убедена сум дека сите граѓани на Република Македонија ќе гласаат за стабилна и просперитетна Р.Македонија, ќе гласаат за иднината на нашата држава и политиките и програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Како партија, како и досега и во наредниот период продолжуваме со интензивна комуникација со граѓаните. Фокусот ќе бидат граѓаните, нивните потреби, барања, проекти. ВМРО-ДПМНЕ ќе има обемна програма со огромен број на проекти како никогаш досега, проекти во сите области, рече Канческа-Милевска.
Таа додаде дека партијата продолжува со едно силно темпо во исполнување на сите проекти.
Две работи се сигурни. Прво дека ќе има избори на 11 декември и второ дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, истакна вчера на средба со жителите од радовишко Ораовица, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

-СДСМ направи многу голема штета, две години ја држат во заложништво цела држава, и народот и државата. Дојде време да платат за таа штета, а фактурата ќе им стигне на 11 декември од граѓаните. Народот сега ќе може да види што нудат они, а што сме исполниле ние и да ја направат разликата. Народот знае дека има голема разлика меѓу нас и нив, дека ние подобро се справуваме со економските предизвици, дека отвораме нови работни места, фабрики отвораме во нивно време само се затвораа фабрики, потенцира Тодоров.
Тој додаде дека 560.000 вработени имало вкупно кога биле СДСМ на власт до 2006 година.
-Така ја оставија државата, со најголем процент на невработеност во историјата, над 38 проценти. Сега невработеноста е 24 проценти и со 720.000 вработени во државата, тоа е огромна разлика. Не е доволно и треба да се направи уште многу и свесни сме, но ова се чекорите кои ги имаме преземено и чекори кои никогаш во времето кога тие управувале со државата не ги направиле, тоа е препознаено од граѓаните, информира Тодоров.
Граѓаните, додаде членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, знаат да оценат кој има подобра програма, кој ги остварува ветувањата и кој подобро ја води економијата.
Како досега така и понатаму ќе се фокусираме на економијата и нови вработувања, истакна вчера по средбата со жителите на Пештани, Антонио Молошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во 2006 година имаше вкупно 560.000 вработени во Македонија. Денес, во 2016 година имаме 720.000 вработени луѓе, што е за 160.000 вработувања повеќе, резултат на нашата работа. Второ, во Охрид, во 2006 година имавме 12.000 невработени лица, денес како невработени во Заводот за вработување се водат 6.500 лица. Нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Р. Македонија, пратениците, економскиот тим, сите ние заедно сме успеале речиси да ја преполовиме невработеноста во Охрид. Тоа е најголемо уверување дека и во идниот период ќе работиме на оваа агенда, рече Милошоски.
Тој додаде дека додека СДСМ затворале фабрики во сите општини, ВМРО-ДПМНЕ е првата партија која отвора фабрики и се труди тоа да го направи во што повеќе општини.
– Ќе продолжиме како партија и после изборите на 11 декември, кога сме сигурни дека ќе ја освоиме довербата на граѓаните, да отвораме фабрики и да носиме странски инвестиции, нагласи Милошоски.
 
 -Почнуваме силно на терен, како никогаш досега. Ќе пробаме да допреме до секој еден граѓанин, до секое едно семејство за да ја пренесеме нашата&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: