Сдсмовскиот функционер и поранешен министер во владите на СДСМ, Мирислав Грчев во својата најнова колумна преку експлицитен говор на омраза испраќа фашистички пораки и порачува дека „вмровскииот ген мора да се искорне од телото на македонската држава“.Грчев во колумната насловена „ВМРО да се искорне од македонската држава!“ пишува дека суштината на македонската општествено-политичка несреќа бил „фашистичкиот идеолошки код на ВМРО-ДПМНЕ“.
-Смртоносната двојна спирала на овој код се состои од митот за преродбата, за лажното повторно раѓање на кошмарниот библиско-паганско-антички народ, и од поистоветувањето на партијата со државата и на водачот со татковината. Оваа изворно фашистичка генетичка формула како вирус навлезе во државната плазма на земјава и ја уништи однатре практично целата дотогашна слободарска, антифашистичка, модерна и демократска култура на Македонија, пишува Грчев.
Така што, додава грчев, за повторно освојување на демократијата и за обновување на институциите на македонската култура и држава, паѓањето на Груевски и неговата врхушка морало да биде само почетокот на процесот, само истрел на стартниот пиштол што ја отпочнува мачната и напорна маратонска трка до конечната слобода.
-Зашто, единствен пат за обновувањето на македонската демократија и култура е дератизацијата, дезинсекцијата, дезинфекцијата и деконтаминацијата на сите институции на државата и општеството од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ. Фашистичкиот вмровски ген мора да се искорне од телото на македонската држава и да се фрли на буништето на историјата!, пишува Грчев.
Грчев во колумната насловена „ВМРО да се искорне од македонската држава!“ пишува дека суштината на македонската општествено-политичка н