Јавната здравствена установа Градска општа болница „8 Септември“ има најдобри резултати во три од петте најважни категории (број на случаи, комплексност на случаите и најголем процент на хирушки ДСГ групи) содржани во Годишниот извештај за Дијагностичко сродни групи (ДСГ) во 2015 година на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).Методологијата ДСГ, покрај тоа што претставува систем за евидентирање и фактурирање на здравствените услуги за акутните болнички пациенти, е и метод за евиденција и финансирање на болничката здравствена заштита. ДСГ системот дава мерливи параметри со кои мое да се врши и меѓудржавно споредување, како и споредување на резултатите на нашите болници со болниците од другите држави.
Ова денеска го истакна директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски на прес-конференција на која го презентираше Годишниот извештај за ДСГ за 2015 и првиот квартал од годинава. Посочи дека вкупниот број хоспитално лекувани во здравствените установи кои имаат склучено договор со Фондот во 2015 година изнесува 219.297 пациенти и е помал за 15.345, односно за 6,5 отсто во однос на 2014 година.
Поради ова, нагласи, намален е и вкупниот број на остварени болнички денови на 1.214.061, што претставува намалување од 6,3 отсто, односно 82.127 болнички денови помалку, а при лекувањето се користени посложени процедури и се третирани покомплицирани пациенти. Како пример ја посочи ГОБ „8 Септември“, кај која има зголемување на сложеноста интервенциите од 4,9 отсто во однос на минатата година.
– Најголемо процентуално зголемување на бројот на случаите има кај новата Универзитетска клиника за државна кардиохирургија (и тоа 6 пати во однос на минатата година), а потоа кај УК за торакална и васкуларна хирургија (15,7 отсто), УК за дигестивна хирургија (12,5 отсто) и УК за нефрологија (10 отсто). Најголемиот број лекувани акутни болни во болничка здравствена заштита се во регионот на Скопје, каде се евидентирани 104.436 или 47,6 отсто од вкупниот број на ДСГ случаи во Македонија (вклучени се и приватните болници со кои ФЗОМ има склучено договор), рече Стефаноски.
Во категоријата „Тип на нега“ во Извештајот, се издвоени три болници кои во 2015 година имаат најголема застапеност во делот на хируршките интервенции: ГОБ 8 Септември Скопје каде 49 отсто од пациентите отпаѓаат на извршени хируршки интервенции, Општата болница во Струмица со 29,6 отсто и Општата болница во Прилеп со 26,3 отсто. Најголема застапеност на интернистичко лекување на пациенти во 2015 година имаат јавните здравствени установи во Дебар со 99 отсто, во Кочани со 87 отсто и во Велес и Кавадарци со 83 отсто.
Стефаноски истакна дека во групата на останати ДСГ здравствени интервенции кои се специфични дијагностички процедури како што се (гастроскопија, колоноскопија, ангеографија, кршење на камен во бубрег), најголем процент има ГОБ „8 Септември“ со 6,6 отсто застапеност на овие интервенции.
– Ако се собере број на хируршките интервенции извршени во ГОБ „8 Септември“, Специјална болница по гинекологија и акушерство Чаир Скопје, ПЗУ Филип 2, ПЗУ Клиничка болница Систина, ПЗУ Систина офталмологија, ПЗУ Европска очна болница и Универзитетските Клиники, се добива податок дека 63,8 отсто од сите хируршките интервенции се изведуваат на територија на град Скопје, потенцира Стефаноски.
Појасни дека имаат податок оти кај сите клинички и општи болници, со исклучок на Општата болница во Кавадарци, има намалување на бројот на случаи со хируршки ДСГ кодови.
– Породувањето со царски рез е најчестата хируршка група во 2015 година, а процентот на породување со царски рез во однос на вагиналното породување се уште има нагорен тренд и во 2015 година изнесува 34,6 отсто. Најнизок процент на породувања со царски рез има во ОБ Кавадарци (19 отсто), додека највисок ОБ Струмица со 49,6 отсто и ОБ Гевгелија со 55,2 отсто. Најзастапена интернистичка група е новороденче без компликации со 9,6 отсто, следено со нормално вагинално породување 6,2 отсто и респираторни инфекции без компликации 4,8 отсто, рече Стефаноски.
Податоците во категоријата „Најчести здравствени услуги (ДСГ услуги)“ покажуваат дека во 2015 година, исто како и во 2014 година, најзастапени здравствени услуги се: згрижување новороденче без компликации, нормално породување без компликации, респираторни инфекции без компликации и породување со царски рез без компликации.
– Просечениот престој на пациентите во болниците (АЛОС) на национално ниво забележува континуирано намалување, од 6,2 дена во 2009, 5,9 во 2010, 5,8 дена во 2011 и 5,7 во 2012 до 5,5 дена за 2013, 2014 и 2015 година. Според видот на здравствената установа просечниот престој изнесува: 6,1 ден во клиниките, 4,9 дена во клиничките болници, 5,2 дена во општите болници, 5,5 дена во специјалните болници, 17,4 дена во психијатриските болници, 5,6 дена во приватните болници, рече Стефаноски.
Доколку овие податоци се споредат со податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита за 2004 година (пред воведувањетото на ДСГ методологијата), каде болничкиот ден во универзитетските клиники изнесувал 8,8, додека во општите болници 6,8, посочи Стефаноски, се забележува намалување на престојот од 2,7 дена кај клиниките до 1,7 дена кај клиничките и општите болници, што е една од главните придобивки од воведувањето на ДСГ методологијата, со зголемување и ефикаснот на брзина на услугите за пациентите.
Нагласи дека комплексност на случаите или Casemix индекс е главен показател, кој ја прикажува комплексноста на третираните пациенти, сложеноста на извршените процедурии и тој на национално ниво изнесува 1,14, што претставува зголемување во однос на 2014 година кога изнесувал 1,10. Според директорот на ФЗОМ, тоа значи дека во 2015 година во Македонија се третирани покомплексини пациенти и изведени посложени интервенции (лекувањето) чиј процент изнесува 1,14.
Појасни дека најсложено ниво на здравствена заштита се дава на универзитетските клиники каде сложеноста на интервенциите е највисока, затоа што се високо специјализирани во дејноста која ја обавуваат. Најголем casemix индекс имаат: ГОБ „8 Септември“ – 1,39, а потоа следат Клиничка болница Битола со 0,89, Клиничка болница Штип со 0,87, Општа болница Прилеп со 0,79 и Клиничка болница Тетово со 0,62. Додаде дека деталниот извештај можете да го види и преземе од веб страницата на ФЗОМ www.fzo.org.mk во делот за извештаи, анализи и прегледи.
Директорот на ФЗОМ; Орхан Рамадани рече дека Фондот покрај анализата и изработката на годишниот извештај за работењето на ЈЗУ по ДСГ методот, ги следи и на месечно и квартално ниво со споредба за истиот периот од минатата година.
– Во однос на вкупниот број на хоспитално лекувани во 1 квартал 2016 година кој изнесува 58.891, може да се забележи дека кај 15 од 27 универзитетски клиники, 4 од 17 клинички и општи болници и кај 7 од 9 специјални болници има зголемување на бројот на случаите, но вкупниот број кај сите ЈЗУ е помал за 1,5 отсто (59.782 во 1 квартал 2015), посочи Рамадани.
Потенцира дека најголемо зголемување на бројот на случаи имаат универзитетските клиники за државна кардиохирургија (160 отсто), за очни болести (75 отсто) и за урологија (31 отсто), а од клиничките и општите болници најголемо зголемување имаат општите болници во Гостивар (14,4 отсто) и Струга (12,5 отсто) и ГОБ „8 Септември“ (8,4 отсто).
– Од анализата на податоците по тип на нега, се забележува дека во клиничките и општите болници, иако процентот на хируршките ДСГ групи скоро кај сите болници се зголемува, апсолутниот број случаи со хируршки ДСГ групи се намалува или е ист во поголемиот дел од нив, освен ОБ Кавадарци (зголемување од 7,9 отсто), ОБ Гостивар (со 9,4 отсто), ГОБ „8 Септември“ (со 16,8 отсто), ОБ Охрид (со 23,1 отсто) и ОБ Струга (со 35,5 отсто). Вкупно за сите клинички и општи болници бројот на пациентите со хируршки ДСГ групи во првиот квартал од 2016 година се зголемува за 2,3 отсто, во однос на истиот период 2015, додаде Рамадани.
Годишниот извештај опфаќа вкупно 61 здравствена установа, класифицирани според видот на институцијата, од кои 56 се јавни здравствени установи (14 општи болници, 27 клиники, 3 клинички болници, 9 специјални болници, 3 психијатриски болници) и 5 приватни здравствени установи.Методологијата ДСГ, покрај тоа што претставува систем за евидентирање и фактурирање на здравствените услуги за акутните болнички пациенти, е и мето