Не смееме да дозволиме да се промени името на нашата држава, не смееме да дозволиме да се промени јазикот, да не се вика македонски, не смееме да дозволиме да се промени химната, изјави во „Око“ на Телевизија Нова митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.Владиката вели дека досега тоа никому не му пречело, а сега наеднаш пречи.
„Кому му пречи? Некому кој дошол тука во последните години. На сите оние што биле тука, Албанци, Роми, Власи, Срби, не им пречи. Им пречи на некои дојденци, но најмногу за жал, им пречи на некои соседи“, вели владиката Петар.
Кога ќе се спомне Македонија веднаш се мисли на Македонија од минатото кога била голема светска империја. Од тие причини намерата е да исчезне тоа име плашејќи се дека можеби еден ден можеби повторно ќе воскресне таква империја како што била, рече во гостувањето во „Око“.
Тој како пример го посочи Израел кој до пред 50-ина години не постоел како држава, а сега е сериозен противник на државите во неговото опкружување на Блискиот Исток.
„Постои некаков потсвесен страв кај некои од соседите, а и кај некои други држави во Европа, па и пошироко дека овој народ, иако сега е малуброен, некогаш пак ќе стане силен бидејќи има потенцијал за тоа во секој поглед. Но не мислам дека таква е намерата на македонскиот народ. Ние сме мирољубив народ, но ги влечеме последниците од некогашната слава“, вели владиката Петар.
Мислам дека во врска со црквата и со државата и со името има едно влијание, едно сценарио кое е поголемо и е на меѓународен план.
„Тој притисок е очигледен и во општеството, а подеднакво се врши влијанието и за промена на името, и на државата и на црквата, на нашиот јазик и на сѐ што е белег на македонската нација и општество Она што во последните две и пол години ѝ се случува на државата е предавство, на нашите национални белези. Тука се јазикот, културата, грбот на нашата држава, химната. Сето тоа е загрозено со постапките што се направени во овие последни години, вели владиката Петар во емисијата „Око“ на ТВ Нова.
„Во старомакедонскиот или старословенскиот, како сакате, зборот јазик се поистоветува со зборот народ. Тој е битен елемент на една нација. Знаеме дека најдобар начин за една држава, да се изразуваат луѓето е да има еден заеднички јазик кој ќе биде обединувачки. Во конкретниов случај во оваа држава обединувачки јазик ни е македонскиот“, изјави г. Петар.
„Ако немате обединувачки јазик, државата се раслојува. Тогаш зошто да има двојазичност, нека има 40-јазичност колку што има нации, народи или народности“, додаде владиката Петар.Владиката вели дека досега тоа никому не му пречело, а сега наеднаш пречи.
„Кому му пречи? Некому кој дошол тука во последните години