Galaxy S5 доаѓа во јануари?!

Интернет гласините велат дека Samsung најверојатно нема да чека премногу долго за лансирањето на Galaxy S5, пред се поради разочарувачкото ниво на продажба на сегашниот модел, Galaxy S4…Наводно, корејскиот гигант е делумно разочаран од продажните бројки, иако телефонот е еден од најпродаваните на компанијата. Освен тоа, голем број на корисници и рецензенти тврдат дека Samsung полека ја губи креативноста и способноста да испорача „убиствен уред“.
Една причина за слабото ниво на продажба може да биде големиот избор за корисниците. Освен основниот модел, тие може да се одлучат за Galaxy S4 Mini, S4 Active, S4 Zoom и тн. Дополнителна причина е лансирањето на iPhone 5s и 5c, па можеби Samsung сака подиректно да се бори со овие два уреди.
Што би добиле во Galaxy S5?
Пред се, најверојатно компанијата ќе развие свој сопствен осум-јадрен процесор наместо да се потпре на надворешен партнер. Уште една веројатност е да се исфрли пластиката и задниот дел на телефонот да биде обложен со кожа или евентуално алуминиум. Засега сето ова се гласини, па останува да видиме што ќе ни донесат следните месеци…
Извор: GSM.mkНаводно, корејскиот гигант е делумно разочаран од продажните бројки, иако телефонот е еден од најпродаваните на компанијата. Освен тоа, голем број

Пронајдете не на следниве мрежи: