Еве една тажна вест за сите оние кои купија Galaxy S5! Според шпекулациите, Samsung подготвува нова и подобрена Prime верзија на овој уред која ќе биде далеку помоќна…Изворите велат дека новиот уред би поседувал Super AMOLED QuadHD екран на допир со резолуција од неверојатни 2560 x 1440 пиксели, со цел подобро да се натпреварува со новиот G3 модел на LG. Наводно, Samsung планирал да користи QuadHD екран за оригиналниот Galaxy S5, но тоа не било возможно поради високите трошоци.
Големината на екранот би останала идентична со 5,2 инчи, а подобрување ќе добиеме и кај процесорот – се очекува новиот уред да биде опремен со Snapdragon 805 процесор, кој претставува значителен скок во перформанси наспроти оригиналниот модел.
Финално, засега се шпекулира и дека Prime верзијата ќе има алуминиумско наместо пластично куќиште, иако за ова не се откриваат повеќе детали.
повеќе на:GSM.mkИзворите велат дека новиот уред би поседувал Super AMOLED QuadHD екран на допир со резолуција од неверојатни 2560 x 1440 пиксели, со цел подобро да