Секоја година, не очекува нов Galaxy S модел и доколку Samsung се задржи на распоредот, тогаш новиот Galaxy S6 би требало да пристигне за помалку од 6 месеци. Да погледнеме што не очекува…Извори блиски до компанијата велат дека Samsung нема само да го подобри дизајнот на претходниот модел (како што беше направено лани), туку Galaxy S6 ќе започне да се дизајнира од почеток под кодното име „Project Zero“. Целта на ова име е да се покаже дека нешто големо се случува, бидејќи најчесто Samsung користи имиња како Project K (Galaxy S5) и Project T (Galaxy Note 4).
Изворите велат дека компанијата е на самиот почеток на развивање на телефонот, што е малку чудно доколку навистина се работи за целосен редизајн. Меѓу останатите подобрувања се очекува новиот QuadHD резолуција (со најверојатно идентична големина на екран), Snapdragon 805 (или 810?) quad-core процесор и 2GB или 3GB RAM меморија.
Камерата би добила подобрена резолуција и оптичка стабилизација, но Samsung овде ризикува да произведе уред кој би бил како помала верзија на Galaxy Note 4, односно идентични спецификации, а единствената разлика да биде помалиот екран.
Што очекувате вие од Galaxy S6?
Извор: gsm.mk.Извори блиски до компанијата велат дека Samsung нема само да го подобри дизајнот на претходниот модел (како што беше направено лани), туку Galaxy S