„Гардијан“ го промени насловот на статијата!

По изјавата на премиерот Никола Груевски за статијата објавена во весникот, авторот на текстот, репортерот Патрик Кингсли во изјава за МИА рече дека изјавата била извртена од дел од македонските медиуми, а насловот беше променет.Откако неговата изјава беше погрешно интерпретирана од дел од македонските медиуми премиерот излезе со писмена изјава.
„Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до Гардијан. Тоа се гледа и од самиот текст кај што е очигледно дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани“, вели премиерот.
Демант за изнесените информации пристигна и од авторот на статијата Патрик Кингсли:
„Разбрав дека во медиумските реакции во Македонија делумно се извртува тоа што премиерот го кажа во разговорот со Гардијан. Премиерот кажа дека Македонија мора да преговара со цел да се постигне компромис. Но, притоа повеќе пати повтори, и тоа е јасно наведено во текстот во Гардијан, дека конечниот збор ќе го имаат граѓаните, на рефрендум. Рече дека, на крајот, граѓаните ќе одлучат. Тоа е јасно потенцирано во текстот и затоа сум помалку изненаден од реакциите на текстот, бидејќи беше апсолутно јасно дека премиерот не зборуваше за преземање чекор само на неговата иницијатива. Потенцираше дека се што ќе заклучат преговарачите ќе мора да биде потврдено на референдум. Изненаден сум што македонските медиуми го промашија овој момент во неговите ставови“, изјави Кингсли.
Поголем број македонски медиуми текстот во Гардијан го пренесоа како наводно менување на позицијата на македонската Влада, во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на двете земји во Грција.Откако неговата изјава беше погрешно интерпретирана од дел од македонските медиуми премиерот излезе со писмена изјава.
„Такво нешто н

Пронајдете не на следниве мрежи: