Скопје го испраќа министерот за надворешни работи во Атина на разговори за ставање крај на долготрајниот спор меѓу соседните држави околу името на Македонија, пишува угледниот вритански весник Гардијан.„Гардијан“ пишува дека Македонија е спремна да го испрати министерот за надворешни работи во Грција додека сè почести се шпекулациите дека двете земји се движат кон решавање на спорот за името, кој трае во изминатите 27 години.
Сигнализирајќи дека е на повидок компромис, Зоран Заев, новиот лидер на социјалдемократите на оваа балканска држава ја искористи својата прва официјална посета во Брисел во понеделникот за да соопшти дека е можно решение. „Знам дека ако имаме пријателски односи и добар пристап, изводливо е решение“, им рече тој на новинарите пред разговорите на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, во Атина во средата, вели британскиот весник.
Заев, чие стапување на функција пред две недели следуваше по пролонгираната политичка криза во оваа поранешна југословенска република, рече дека сака оваа мала, но стратегиски важна нација да влезе во НАТО и ЕУ „во најкраток можен рок“. Македонија, посочи тој, може да се вклучи во двете под привременото име што во моментов го користи во ОН – ПЈРМ или Поранешна Југословенска Република Македонија. „Ние ќе се обидеме со сите можни мерки да ја придвижиме Македонија кон членството“, рече проевропскиот премиер стоејќи рамо до рамо со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Овој поход се случува во екот на обвинувањата за руско мешање во балканскиот регион. Македонската влада тврди дека поради тоа мешање членството има уште повитално значење. Столтенберг го подвлече тој став, велејќи дека мисијата на НАТО е да се поддржат сите земји што се стремат кон Алијансата. „Сакаме да ја видиме вашата земја како дел од еден стабилен, демократски и просперитетен регион“, рече тој.
Долготрајниот спор околу името беше најголемата пречка за интеграцијата на Македонија во Западот. Грција, која во 2008 година стави вето на влегувањето на земјата во НАТО, жестоко тврдеше дека номенклатурата на нејзиниот северен сосед крие територијални амбиции кон истоимената грчка провинција што лежи директно под југот на републиката. Во скоро трите децении често горчливи јавни кавги, Атина често ја обвинуваше земјата дека се впушта во културна кражба, велејќи дека оваа претежно словенска држава намерно присвоила симболи и херојски личности од античката грчка историја за да ги поткрепи своите аргументи за името.
Но Заев, кој формираше влада во коалиција со партиите што го претставуваат големото етничко албанско малцинство во нацијата, зазеде многу попомирувачки пристап. Во едно телевизиско интервју новиот премиер рече дека политиката на непријателство кон Атина ќе биде прекината веднаш. „Можам само да кажам дека ерата на споменици, преименување на автопати, аеродроми, спортски сали и стадиони со историски имиња завршува“, рече лидерот чие чело со модра лузна е сведоштво за граѓанските немири што ја зафатија оваа минидржава.
-Верзиите на името за кои досега се дискутирало содржат додавање географска квалификација како „горна“, „нова“ или „северна“ Македонија, пишува „Гардијан“.„Гардијан“ пишува дека Македонија е спремна да го испрати министерот за надворешни работи во Грција додека сè почести се шпекула