Според една направена студија, работниците што ги произведуваат луксузните британски брендови земаат ниски плати и работат во лоши услови. Како што пишува Гардијан, милион купувачи веруваат во тоа дека скапите чевли што ги купуваат во луксузните продавници се направени во Германија и Италија – а многу од нив всушност се направени од работници за сиромашни плати во експлоататорските претпријатија на Источна Европа. Меѓу овие земји е и Македонија.Овој скандал беше откриен со истрагата на Европската чевларска индустрија. Истрагата покажува дека некои големи брендови се чини дека користат законска дупка, печатејќи на своите производи „Произведено во Италија“ или „Произведено во Германија“ за да укажат дека се работи за висок квалитет, а всушност нив ги прават сиромашните работници од Источна Европа. На пример, работниците во Албанија за ова заработуваат 36 денари на час вклучувајќи прекувремена работа, а според Гардијан, работниците во Македонија, каде што надницата е ниска дури 46 денари на час, рекле дека биле носени во болница во колички откако се онесвестувале во студените фабрики каде што морале да работат со силни хемикалии.
– „Ако работодавецот треба да заврши, да речеме, нарачка од 9.000 пара чевли, тој ќе стави 90 пара на лентата, па дури и ако сакаш да умреш, мора да ги завршиш“, им рекол еден работник на истражувачите што го правеле извештајот, насловен Труд за минималец.
Тој тврди дека една македонска фабрика, која ги произведува обувките „геокс“, плаќала незаконски ниски плати во износ од 8.000 денари (131 евро) месечно, сосе прекувремената работа. Законскиот минимум е 9.000 денари (145 евра) без прекувремената работа.
Геокс не одговорил на барањата за коментар, вели Гардијан.
Истражувачите откриле дека фабриките произведуваат чевли за брендови вклучувајќи ги Зара, Лоа, Дајкмен, Ара, Геокс, Бата и Ледер&шу АГ и подружниците на ЦЦЦ шуз енд бегс во Полска и Рајкер и Габор во Словачка.
Ана Мекмулен, од Трудот зад етикетата, британска група за правата на работниците, која е вклучена во извештајот, вели дека на потрошувачите треба да им се каже вистината од каде доаѓаат чевлите. „Лукавиот трик да се носат деловите за чевли во земјите со ниски плати во Источна Европа заради собирање и лепење, пред да се вратат чевлите за етикетирање како 'произведени во Европа', е прелажување на потрошувачите да мислат дека нивните производи се достоинствено направени“, вели таа.
„Всушност, ние сега знаеме дека работниците во Албанија и во Македонија добиваат плати толку ниски што не можат да ги прехранат своите семејства – толку многу што јазот помеѓу минималната и пристојната плата е поголем отколку во Кина. Овие аутсорсинг-методи што се користат од некои брендови прават огромен профит на грбот на сиромашниот работник.“
„Работниците заработуваат помалку од една четвртина од платата што им треба за да живеат достоинствено, и покрај напорните долги часови за да ја исполнат нормата. „'Произведено во Европа' повеќе не значи 'достоинствено направено'“.
Инаку, во една македонска фабрика што ги снабдува брендовите Геокс, Дајкман и Бата, работниците велат дека од нив се очекува да користат силни хемикалии и се жалат на ревматизам, болки во грбот, алергии и респираторни проблеми. Тие велат дека нивната кожа често е изложена на штетни хемикалии, бидејќи носењето ракавици значи помала продуктивност, па дури и пониски надници.Овој скандал беше откриен со истрагата на Европската чевларска индустрија. Истрагата покажува дека некои големи брендови се чини дека кор