Британија е силен поддржувач на Македонија од нејзината независност до денес и искрен пријател на земјата, а тоа ќе продолжи и во иднина, изјави британскиот амбасадор Чарлс Гарет вечерва на приемот организаиран од Амбасадата на Велика Британија по повод прославата на 90-от роденден на Нејзиното Величество Кралицата.– Македонија стана земја-кандидат за членство во ЕУ во рамки на Британското претседателство во 2005 година. Оттогаш наваму заедно работевме за да го зајакнеме граѓанскиот сектор, да изградиме врски во одбраната. Работевме заедно за да ја зајакнеме независноста на медиумите, да создадеме успешни економски и инвестициски активности во Македонија, и да зајкнеме многу други релации, рече Гарет.
Обраќајќи се пред претставници на дипломатскиот кор, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, претставниците на Владата, политичките партии, медиумите, граѓанскиот сектор, тој ја повтори изјавата на британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон за време на неговата посета на Македонија во март оваа година дека „Британија секогаш била искрен пријател на Македонија и ова ќе продолжи“.
Оваа година, нагласи Гарет, се одбележува уште еден значаен јубилеј во односите помеѓу нашите две земји – 20 години работа на Британскиот Совет во Македонија, кој, рече, значајно придонесе за создавање релации во уметноста, образованието и бизнисот, и од неодамна во креативните индустрии и стручното образование.
Го спомна и значењето на програмата за стипендирање – Чивнинг во градењето на силната врска меѓу Британија и Македонија, преку која приближно 200 студенти од Македонија се школуваа во Британија Оваа година, нагласи се одбележуваат и 400 години од смртта на Шекспир, што беше одбележано со присуството на луѓе кои на прославата прошетаа во елизабетански костими.
– Еден од моите омилени цитати од Шекспир е „Се е добро, штом добро се заврши“ кога мајка го советува синот „сакај ги сите, верувај на малкумина, не прави зло на никој.“ Тоа и не е лош совет за кого било – вклучително и за дипломатите. Ќе се потсетувам на овој цитат во мојата работа на надградување на цврстите односи што Британија ги има со Македонија. Тоа е однос кој се заснова на огромен број индивидуални релации помеѓу нашите две земји – и на дипломатските врски засновани на отворени и искрени разговори, рече Гарет.
На прославта посветена на роденденот на Кралицата амбасадорот Гарет се осврна и на нејзината улога како монарх кој најдолго владеел со Обединетото Кралство и соработувал со 12 премиери од Винстон Черчил до Дејвид Камерон.
– Оваа година прославата на Роденденот на Кралицата е посебна – затоа што се осврнуваме на едно владеење од огромна важност, владеење кое ја обликува модерна Британија. Низ овие години Кралицата беше сила на стабилност во период на огромни промени, рече амбасадорот Чарлс Гарет.
Кралицата Елизабета Втора е родена во 1926 година, а стана шеф на држава во 1952 година. Има посетено 128 земји на 270 патувања, во поддршка на интересите на Британија и на другите земји каде таа е шеф на држава.– Македонија стана земја-кандидат за членство во ЕУ во рамки на Британското претседателство во 2005 година. Оттогаш наваму заедно работевме з