Гаревски: Можни се нови потреси

Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) за порталот Сакам да кажам вели дека се можни уште неколку помали потреси по земјотресот што се случи утрината во земјава.- Афтершокови се сосема очекувана појава по земјотрес со ваква јачина. Земјата е можно да продолжи да се тресе, но тоа се обично мали потреси. Во Италија по земјотресот во Аматриче на 24 август следуваа 2.500 помали афтершокови. Тука нема место за паника. Земјотресот силно се почувствувал и јас им советувам на оние кои се вознемириле да излезат надвор на половина час, да се смират. Нема опасност од паѓање на згради или нешто слично па можат да останат надвор безбедни. Ваков совет не даваме доколку земјотресот бил со разурнивачка моќ – вели Гаревски.
И овој земјотрес Гаревски не го поврзува со поплавите.
– Иако можеби случувањата ме демантираат, во светот не постои ниту еден научен труд кој што ќе ги поврзе поплавите со земјотрес. Земјотресите се случуваат поради придвижување во длабоките слоеви на земјата до кои површинската вода и не допира- вели Гаревски.- Афтершокови се сосема очекувана појава по земјотрес со ваква јачина. Земјата е можно да продолжи да се тресе, но тоа се обично мали потреси. Во И

Пронајдете не на следниве мрежи: