Гаревски: Нема простор за паника, јас вечерва мирно ќе спијам во мојот дом

Нема простор за паника, ова не се силни земјотреси и се работи за последователни помали земјотреси. Јас вечерва мирно ќе спијам во мојот дом во Скопје, ја пренесува МКД.мк изјавата на Михаил Гаревски, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Дел од скопјани и вечерва се на улиците исплашени по последното тресење на тлото во 19,53 часот.Од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје информираат дека денешните потреси се дел од очекуваните т.н. афтершокови по вчерашниот најсилен земјотрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Вакви потреси ќе има и натаму во скопското епицентрално подрачје како дел од нормалната сеизмичка активност во ова подрачје. Вечерва во 19,53 часот скопјани почувстсвуваа уште еден земјотрес, овојпат со јачина од 4 степени.Од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје информираат дека денешните потреси се дел од очекуваните т.н. афтершокови по вчерашниот најсилен земјотрес

Пронајдете не на следниве мрежи: