Гаревски во 2013-та година: Во Скопје повторно ќе има силен земјотрес

Скопје повторно ќе биде погоден од силен земјотрес, затоа што е град што се наоѓа на трусно подрачје, оцени директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје (ИЗИИС), Михаил Гаревски во изјава дадена во јули 2013-та година.– Силни земјотреси се случуваат на секои 300 до 500 години, но тоа не ни гарантира дека не би можел да се случи и утре или наредната година. Со сигурност може да се каже дека повторно ќе има силен земјотрес, но веројатноста дека тоа ќе се случи во блиска иднина не е толку голема – посочи тогаш Гаревски.
Тој додаде дека скопјани не треба да се плашат, бидејќи по земјотресот од 1963 година се градат асеизмички објекти.
– Генерално, во Скопје се гради добро, бидејќи постои традиција по 1963 година. Проблем претставуваат само зградите што се доградуваат и надградуваат, особено оние со носечки ѕидови што се изградени пред земјотресот, бидејќи за нив е најтешко да се направи статиката.– Силни земјотреси се случуваат на секои 300 до 500 години, но тоа не ни гарантира дека не би можел да се случи и утре или наредната година.

Пронајдете не на следниве мрежи: