Гатузо: Милан има квалитетен тим, ќе биде интересен мечот со Барса

Џенаро Гатузо, некогашниот фудбалер на италијански Милан, верува дека неговиот поранешен тим би можел да се надигрува рамо до рамо со неприкосновената Барселона.
Дуелот меѓу италијански Милан и шпанска Барселона е еден од најинтересните од оваа фаза на натпреварување во Лигата на Шампионите.
„Во фудбалот никогаш ништо не се знае. Барса е во суштина посилна, но фудбалот е чуден, нема логика, кој знае што може да се случи“ вели Гатузо.
Притоа, поранешниот фудбалер на Милан вели дека Милан е квалитетен тим, натпреварот со Барселона според Гатузо ќе биде многу интересен.
„Милан е квалитетен тим, заедно со Барселона сигурно е меѓу најдобрите клубови во светот, ќе биде интересен овој натпревар“ изјави Гатузо.
Натпреварот Милан – Барселона во рамките од 1/8 на Лигата на Шампионите се игра утре со почеток од 20,45 часот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Џенаро Гатузо, некогашниот фудбалер на италијански Милан, верува дека неговиот поранешен тим би можел да се надигрува

Пронајдете не на следниве мрежи: