Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова вечерва ќе биде гостинка на Турската национална телевизија, во најпопуларното шоу „Бир аваз“.
Заводливата Гавазова во Турција замина вчера заедно со менаџерот Адил Алуш, задолжен за македонските пејачи. Сузе до емисијата ќе пристигне со лимузина, а ќе зачекори и по црвениот тепих пред телевизијата.
„Со задоволство ја прифатив поканата, и специјално за емисијата подготвив изненадување. Не само со мојот изглед туку и музички. Ќе отпејам неколку македонски, а и турски песни“, изјави Гавазова.
Шоуто „Бир аваз“, со песна се обидува да го збогати пријателстовто и да ги спои музичките ѕвезди од Балканот и Азија. Гавазова е гостинка кај оперската ѕвезда Азерин, која е водителка на емисијата. Секој понеделник, во емизијата покрај турски пејачи, има гости и од Балканот и Азија. Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова вечерва ќе биде гостинка на Турската национална телевизија, во најпопул