Вечерва се игра мошне интересен меч кога станува збор за балканските екипи, па така можеме да видиме интересен дуел на две балкански екипи кои ќе се борат грчевито за пласман во „Плеј оф“ рундата за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.Со почеток од 19,30 часот во Разград се среќаваат екипите на Лудогорец и Партизан.
Според информациите кои пристигнуваат од Бугарија, бугарскиот шампион ги распродал сите влезници за мечот со српскиот шампион па така на стадионот во Разград се очекува околу 6 000 публика, влезниците биле распродадени за неполн половина час.
Навивачката група на Партизан, популарните „Гробари“ за овој меч добија 300 карти, па така тие ќе го бодрат својот омилен тим во Бугарија на мечот со Лудогорец.
Богатиот сопственик на Лудогорец, Кирил Думушиев, за пласман во следната фаза од квалификациите за пласман во Лигата на Шампионите, им вети премија на играчите вредна 15 000 евра за секого поединечно.
Интересно, грчки судии ќе ја делат правдата на овој меч, а истите ќе бидат предводени од главниот судија за овој натпревар Михаел Кукулакис.Со почеток од 19,30 часот во Разград се среќаваат екипите на Лудогорец и Партизан.