Газди се тепале на плажата во Охрид

Полицијата денес ги објави сите детали околу вчерашната тепачка на плажата „Немо“ во Охрид. Што точно се случувало прочитајте во продолжение.-На плажата „Немо“, вчера околу 10:30 часот настанала расправија и тепачка помеѓу Д.Г.(57) од Охрид (кој стопанисувал со тобоган и шанк на плажата) и И.К.(33) од с.Прељубиште-Тетово (вработен на шанк со кој стопанисува А.Б.(52) од Охрид.
Потоа во 11,45 часот, И.К. заедно со А.Б. и К. Ј.(39) од с.Студеничани-Скопје, дошле на локацијата со која стопанисува Д.Г., на која биле присутни и А.М. од с.Велгошти-Охрид, З.Ј.(25) и Д.Н.(26) и двајцата од Охрид и истите физички ги нападнале, при што К.Ј. употребил нож, а А.Б. дрвена летва, информираат од полицијата.
Од нападот, А.Б. се здобил со расекотина во пределот на градите, З.Ј. со расекотини на главата и левата подколеница, а Д.Г. со расекотина на левата рака.
Од полицијата информираат дека повредите им се констатирани во Oпшта болиница-Охрид, каде им била укажана медицинска помош. За настанот е запознаен е јавен обвинител, а сите горенаведени лица се повикани во Полициска станица-Охрид.
По целосно расчисување и документирање на настанот, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.-На плажата „Немо“, вчера околу 10:30 часот настанала расправија и тепачка помеѓу Д.Г.(57) од Охрид (кој стопанисувал со тобоган и шанк

Пронајдете не на следниве мрежи: