ГДОМ на најмасовниот собир до сега, испрати „Проглас за Македонија„ кој содржи 4 точки, барања од кои како што велат нема отстапување.Македонија е наша земја, Македонија е нашиот дом, браќа Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи Бошњаци и сите други, денес 21 април 2016 овде ние граѓаните на Македонија го обзнануваме „Прогласот за Македонија“.
„Проглас за Македонија“ 4 точки:
1.Ние граѓаните порачуваме јасно до домашната и меѓународната јавност: Македонија е се што имаме. Во тоа име во име на вековитиот соживот ние ГДОМ застануваме против сите деструкции и црни и мрачни сценарија пред кои Македонија е исправена во овој омент. Наша обврска и задача и избор е да ја заштитиме нашата земја со разум и храброст, мудрост и патриотизам.
2.Граѓаните порачуваат избори на 5 јуни 2016 мора да има! ГДОМ бара избори за крај на кризата избори сега на 5 јуни затоа што народот има прав да каже што мисли и чувствува. Изборите се суштина на демократија, без избори нема демократија. Оние кои се против избори се против народот против волјата против Македонија. Народот е најголем експерт преговарач, медијатор олеснувач или амбасадор на сопствената волја. Народот е темелот на демократија, затоа народот бара избори.
Народот не сака сценарија во која ќе се користи друго оружје освен демократско тоа кое постои со сопствен глас диреното учество за креирање на своја судбина. Нема отстапување нема повлекување. Во Македонија- Македонија одлучува! Избори на 5 јуни мора да има.
3.ГДОМ го осудува и бара итно стопирање на секој облик на насилство врз македонската полиција и итно и безусловно стопирање на хулиганството и вандализмот, уништувањето на народниот имот и на македонските институции. Секој удар врз полицијата е удар врз нашата заедничка држава, на македонските херои, граѓаните, нашата историја и нашата иднина. Никогаш нема да дозволиме валкање и непочитување на жртвата и крвта на илинденците, партизаните, на асномците, децата бегалци, на хероите кои го положија животот за Македонија. Никогаш нема да дозволиме нашата култура и традиција да бидат погазени. Никогаш нема да дозволиме Македонија да биде понижена.
4.ГДОМ бара крај на деструктивните сценарија крај за обидите за поделбата на народот, крај за стравот и теророт. Македонија е народот-народот е Македонија! Македонија, псости Македонија ќе опстои, Македонија победува. Да живее Македонија!Македонија е наша земја, Македонија е нашиот дом, браќа Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи Бошњаци и сите други, денес 21 април 2016 овде