ГДОМ одржа мирни собири во повеќе градови низ државата!

Поддржувачи на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва од Гевгелија, Ресен, Велес, Битола и Тетово, Кичево, Штип, Крива Паланка, Струга испратија порака за што поскоро завршување на политичката криза и за одржување на изборите на 5 јуни.– По четврти пат се собравме пред куќата на Татарчеви да ја одбраниме нашата историја за да можеме преку неа да ја формираме нашата иднина. Ние од ГДОМ цврсто стоиме на нашиот став на 5 јуни избори мора да има, истакна Димитар Димитровски, подржувач на ГДОМ од Ресен.
Пред присутните во Велес се обрати спортистот Роберт Папазов, кој истакна дека како спортист многупати досега гордо ја претставувал државата. Тој оцени дека државата подолго време се наоѓа во агонија и оти тоа мора да престане.
– Тоа не е добро ниту за спортот, ниту за културата, ниту за државата. Убеден сум дека единствениот излез на сите коишто живееме во Македонија се избори без одлагање. Затоа сум овде вечерва со сите вас, на мирен протест да дадеме поддршка за излез од оваа криза единствено преку избори, рече Папазов.
Мирен протест за првпат вечерва се одржа и во Струга од каде беше побарано одржување на изборите на 5 јуни со што ќе се стави крај на политичката криза.– По четврти пат се собравме пред куќата на Татарчеви да ја одбраниме нашата историја за да можеме преку неа да ја формираме нашата иднина. Н

Пронајдете не на следниве мрежи: