Претставници на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска одржаа трибина во Тетово.Аналитичарот Александар Пандов побара масовна излезност на тетовци на претстојните парламентарни избори, но и на сите граѓани на Македонија за да се покаже, како што рече, дека тие го носат конечниот суд, дека тие даваат и одземаат власт.
Според Пандов, тогаш граѓаните ќе дадат одговор дали сакаат Република Македонија да се натпреварува со останатите земји во светот, да биде на десетто место за привлекување странски инвестиции и да оди уште понапред или ги интересираат разни приказни на, нагласи, удбашко-полициското политичко подземје кои докажано од минатото не и мислат добро на оваа држава.
– Мислам дека одговорот овојпат ќе биде премногу лесен која е таа опција што и нуди просперитет на Македонија, намалување на невработеноста она најгорливо прашање, подобрување на стандардот за живеење и кој нуди разно – разни мрачни сценарија, удбашки сценарија кои и во минатите две години, а и еве сега се актуелни и натаму ја водат кампањата на СДСМ подржани од платеничките медиуми на Сорос и нивното сега крајно чедо СЈО, изјави Пандов.Аналитичарот Александар Пандов побара масовна излезност на тетовци на претстојните парламентарни избори, но и на сите граѓани на Македонија за да с