Додека геј поворката кружеше околу Белград, Србија се потсети на поразителните податоци кои говорат дека државата и народот изумираат.Србија: Наталитетот е паднат на 1.34 деца по жена, речиси третина од семејствата се без деца, а четвртина од здравите жени до 45 години немаат деца. Младите ја напуштаат државата, а во некои години морталитетот е поголем од наталитетот. Селата исчезнуваат, а десетината илјади мигранти кои пристигнуваат од Блискиот исток и Азија ја пореметуваат демографската слика на државата.
Катастрофалната ситуација ја влошува либерализацијата на законите под притисок на Западот, која го загрозува семејството, не само во Србија, туку и во целиот регион.
Се добива впечаток дека власта повеќе се грижи за промоција на хомосексуалците, отколку за поттикнување на семејствата. Па така, до српската влада и парламентот пристигнаа барања да се активираат во заштита на семејните вредности.
Српскиот народ е на тенко тло, изјави потпретседателката на Здружението Опстанок,Драгана Диниќ. „Глобализмот не им одговара на семејствата, бидејќи за него се потребни работници кои работат под притисок, се селат и немаат обврски“, изјави таа на регионалната конференција на Светскиот конгрес на семејствата на кој имаше предавачи од Србија, САД,Русија, Италија, Франција и Грузија.
Според податоците на ОН, ако сегашниот тренд продолжи, Србија до 2050 година ќе изгуби 17 проценти од популацијата. Исто така, во Србија годишно се извршуваат над 150.000 абортуси.Србија: Наталитетот е паднат на 1.34 деца по жена, речиси третина од семејствата се без деца, а четвртина од здравите жени до 45 години немаат деца