Генералот Ознал, чие семејство влече корени од Македонија, од каде што во виорот на балканските војни во 1912 пребегало во Турција, бил на високи воени должности во турската армија, пишува Дневник.За нас најинтересен е по тоа што на еден меѓународен симпозиум, што Грците го одржале во 1993 година по повод 80-годишнината од балканските војни, како претставник на турските воени историчари, а испровоциран од грчката македонска хистерија, станал и пред 150 учесници им рекол на домаќините в лице: „Македонија не е грчка!“ По враќањето во Турција, набргу напишал и објавил книга со наслов „Македонија не е грчка“, каде што со користење многубројни документи од Архивот на турската армија и од Османлискиот архив докажувал дека Македонија ниту географски, ниту историски, ниту етнички е грчка и дека Македонците се посебен народ, кој нема никаква врска со античките Грци.
За општата слика на демографската структура на Македонија најдобри информации даваат турските историски извори. Во генералниот попис, што во 1904 година го направил главниот инспектор за македонските вилаети, Хусеин Хилми-паша, сите етнички елементи што живееле во Kосовскиот (Скопскиот), Битолскиот и Солунскиот вилает, претставени се поединечно и од него се гледа дека, наспроти најмногубројните турско-муслиманскиот корпус и Македонците, Грците во Македонија биле во малцинство.
Прочитајте повеќе: Документација во турските архиви:Македонија не е Грчка
Меѓутоа, во подоцнежните пописи од 1926 и од 1940 година, што овој пат ги направила грчката управа, Македонците веќе воопшто не се споменуваат во Егејска Македонија. Во последниот попис (се мисли на резултатите на пописот што важеле во 1992 година кога е пишувана оваа книга, н.з.) констатирано е дека во регионот живеат 2.057.000 души, од кои нема народи со поинакво етничко потекло бидејќи е прифатено дека сите се – Грци.
Сега сакам да ги прашам Грците: Kаде исчезнаа стотиците илјади Македонци избројани во независниот попис во 1904 и во 1913 година и што стана со нив во подоцнежните пописи? Kако е можно, со еден удар на калем, да се поништат стотици илјади луѓе?
Пописот во македонските вилаети и повеќе на оваа тема на – Дневник За нас најинтересен е по тоа што на еден меѓународен симпозиум, што Грците го одржале во 1993 година по повод 80-годишнината од балканските војни,