Претседателот на Судскиот Совет Зоран Караџовски во вчерашното гостување во емисијата „Око“ на Тв Нова потенцираше дека Уставот и законите во Република Македонија морат да важат без разлика на волјата на било која политичка партија да е на власт и дека не смее да се врши притисок и закана врз судиите.На секој му е јасно дека генерален реизбор на судии не е можен, согласно постојниот Устав и постојната законска регулатива во Република Македонија. Доколку се променат Уставот и законите тогаш ќе разговараме по новата законска регулатива што и како е возможно. Значи и тие тоа што го кажуваат го знаат и не знам освен од овие причини како закана врз судиите сосем непотребна,бидејќи ми реагираат секојдневно судиите значи дали со право или не тие се уплашени, сите ние сме судии треба во принцип да сме професионалци, да го познаваме правото, да ги познаваме законите и уставот на Република Македонија, изјави Караџовски.
Заев и послушниците на СДСМ, не пропуштија момент јавно да упатат закана врз судиите, изјавувајќи дека ќе има распуштање на судството и реизбор на судиите. Заев на денот на примопредавањето на функцијата и влегување во Владата како новиот премиер побара од Јавниот обвинител Марко Зврлевски да си поднесе оставка заканувајќи се дека ќе почне со реваншизам и со спроведување на својата деструктивна политика.
Независноста и непристрасноста на судиите се важен сегмент за остварување на демократијата и владеењето на правото. Експертите велат дека Заев треба да знае дека власта не е вечна, но принципот за независност на судски систем е вечен.
На секој му е јасно дека генерален реизбор на судии не е можен, согласно постојниот Устав и постојната законска регулатива во Република Македонија.



