Генералот Ален ги образложи причините за своето пензионирање

Американскиот генерал Џон Ален кој во вторникот му соопшти на претседателот Барак Обама дека одлучил да се пензионира наместо да ја преземе командата на НАТО во Европа, во средата телевизиската мрежа NBCNews пренесе дека тоа го сторил од лични причини, поради што станала беспредметна неговата номинација за врховен командант на Алијансата.Генералот Џон Ален во соопштението истакнува дека неговата одлука за повлекување од активната воена служба по 32 години кариера, има само личен печат.„Не сакајќи да навлегувам во детали, мојата основна грижа е здравјето на мојата сопруга која веќе долго време многу жртвуваше“, вели Ален.Генералот претходно за The Washington Post изјави дека ќе се посвети на помош на сопругата којашто боледува од автоимуна болест.Генералот Ален претходно беше вмешан во аферата околу недоличната размена на електронска пошта поради којашто си замина директорот на американската централна разузнавачка агенцијa CIA,, генералот Дејвид Петреус. Ален е ослободен од сите обвинување. Денешното соопштение на Обама не ја споменува таа истрага.Петреус ја напушти својата функција во почетокот на ноември, откако беше објавено дека 59-годишниот шеф на CIA имал афера со биографката Пола Бродвел. Нивната врска беше предмет на истрага на федералното истражно биро FBI по жалбата од Џил Кели, чие семејство се пријатели со семејството Петреус, која работела во една од американски воени бази дека добива заканувачки пораки. Истрагата откри дека командантот на силите на НАТО во Авганистан, Џон Ален имал разговор со Кели, и испратил материјал од 20 до 30 илјади страници. Во оваа смисла, тој беше осомничен за протекување доверливи информации.Претседателот Барак Обама го прифати барањето на генералот Ален велејќи дека станува збор за „еден од најдобрите американски воени команданти“ и „вистински родољуб“, соопшти во вторникот навечер Белата куќа.Обама му оддаде признание на Ален за неговиот ангажман во Авганистан, каде беше главен командант на силите на САД и НАТО .„Генералот Ален го предводеше значителниот раст на бројот и способноста на авганистанските национални сили за безбедност, натамошната деградација на Ал Каеда и нејзините екстремистички сојузници, како и сегашниот трансфер на одговорноста на Авганистанците за безбедноста во целата земја“, истакна американскиот претседател Обама.Американскиот претседател Леон Панета, исто така, изрази благодарност за напорите на генералот Ален во Авганистан „Неговото водство во последните 19 месеци ќе биде запаметено како клучно во оваа кампања“, се наведува во соопштението на Панета.Обама во октомври 2012 година го номинираше генералот Ален за командант на силите на НАТО во Европа.Претходно три американски воени функционери минатата седмица соопштија дека генералот Џон Ален најверојатно ќе се повлече во пензија. Според нив, Ален не сакал своето семејство да го изложи на јавноста во текот на процесот на потврдување на номинацијата при што на површината би се појавиле неговите контроверзните електронски пораки со Џил Кели.
МакфаксАмериканскиот генерал Џон Ален кој во вторникот му соопшти на претседателот Барак Обама дека одлучил да се пензионира

Пронајдете не на следниве мрежи: