Гениј: Еве како Ајнштајн со само 2 реченици ѝ помогнал на девојка која се сомневала во себе!

Еден од најголемите умови во историјата на човештвото, славниот научник Алберт Ајнштајн, со своето писмо ѝ пружи поттик на девојка да се занимава со научна работа бидејќи се сомневала во себе само поради тоа што е женско.Иако истражувачите откриле дека „психолошката андрогинија“ е есенцијална за креативноста, историјата на човечката креативност и интелектуалност е преполна со родова нерамнотежа. Тоа посебно е изразено во науката.
Во книгата „Драг професоре Ајнштајн: Писма на деца до Алберт Ајнштајн и назад“, се наоѓа и допишување на славниот научник со девојче по име Тифани од Јужна Африка. Таа го потсетила на неговата внука, па решил да се допишува со неа баш во времето кога бил на врвот од кариерата.
Во нејзиното писмо напишано на 19 септември 1946 година, стои следново:
„Во последното писмо заборавив да ви кажам дека сум девојче. Отсекогаш жалев поради тоа, но сега се помирив со тој факт. Во секој случај, ги презирам фустаните, игранките и останатите нешта кои девојчињата обично ги сакаат. Многу сакам коњи и јавање. Пред да посакувам да станам научник, сакав да бидам џокеј и да се натпреварувам во коњски трки. Но, тоа беше одамна. Се надевам дека вашето мислење за мене нема да се уништи само затоа што сум девојче.“
Неколку дена подоцна пристигнал одговор од научникот:
„Не ми пречи што си девојче, а најважна работа е дека ни тебе не ти пречи. Не постои причина за тоа“ – напишал Ајнштајн.Иако истражувачите откриле дека „психолошката андрогинија“ е есенцијална за креативноста, историјата на човечката креативност и интелек

Пронајдете не на следниве мрежи: