Сите сме слушнале за некои интересни и смешни кражби во минатото, но сметаме дека оваа ќе се најде на самиот врв. Приказната се случува во Сиетл…Според Komo News, додека жртвата (дечко во своите 20-ти години) спиел во автобус, од спротивната страна седеле маж и жена кои наводно му го украле телефонот. Откако тој се разбудил, ги обвинил за кражбата, тврдејќи дека не спиел, туку слушал музика и почуствувал веднаш штом музиката запрела. Кога отворил очи, видел дека жената го краде телефонот.
По долгото карање во автобусот, мажот и жената почнале да ја удираат жртвата и избегале. Убеден дека е во право, дечкото продолжил да ги следи, со што крадците повикале полиција. Тие се жалеле дека човекот ги вознемирува и дека не го украле телефонот, се додека полицајците не забележале паметен телефон во џебот на жената.
Набрзо потоа, парот бил уапсен и однесен во King County Jail, а освен украдениот телефон, во џебот на жената биле пронајдени и наркотици.
Дознајте повеќе на: gsm.mkСпоред Komo News, додека жртвата (дечко во своите 20-ти години) спиел во автобус, од спротивната страна седеле маж и жена кои наводно му го украле